НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во среда пресуда за случајот Тврдина 2

0
By Нова ТВ on November 6, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во среда, на осми ноември Кривичниот суд треба да ја соопшти пресудата за вкупно седум обвинети во случајот Тврдина 2.

Денеска, во завршните зборови, обвинителката на Специјалното јавно обвинителство, Ленче Ристоска за првообвинетиот Горан Грујевски побара максимална затворска казна која за ова дело изнесува пет години.

Таа побара судот да ги цени отежнителните околности, односно тоа што обвинетиот иако знаел дека судската постапка е во тек, избегал.

За останатите шестмина обвинети, службенички во Управата за безбедност и контраразузнавање, Ристоска побара алтернативна казна и побара судот да ги цени отежнителните околности како тоа што ниту една од нив не се покајала за делото, но и олеснителните околности како тоа дека ниту една од обвинетите нема никаква дамка во службата во претходното работење.

Обвинетите, во своите завршни зборови пред судијката Лидија Петровска рекоа дека не се чувствуваат виновни затоа што се што направиле било по наредба на претпоставениот, поранешен началник на Петтата управа, Горан Грујевски.

„Во УБК сум долги години и секогаш својата работа сум ја работела професионално без никакви забелешки. Секогаш сум ги почитувала наредбите на претпоставените, што стои како опис на моето работно место и сакам да кажам дека и во овој случај постапував исклучиво по наредба на претпоставениот началник“, рече една од обвинетите.

Со овој исказ се сложија и останатите пет обвинети во овој случај.

Ристоска во своето излагање рече дека мотивот за уништувањето на документацијата е очигледно и јасно – „да се уништат доказите за лицата кои го правеле прислушувањето”.

„Во текот на постапката успеавме да докажеме дека обвинетите ја уништиле документацијата поврзана со системите за прислушување. Обвинетиот Горан Грујевски презел низа незаконски дејствија. Тој немал законска надлежност да формира комисија за ништење на документите. Според Законот за архивско работење, Државниот архив мора да даде одобрение за ништење на документите“, рече Ристоска.

Таа рече и дека ова се докажало со низа дописи кои Грујевски ги испратил до комисијата, а и тие ги враќаат до него. Исто така, Ристоска рече дека не постои барање до Архивот за ништење на документи.

Како што рече обвинителката, биле ништени документи од 2007 до 2015 година, што значи дека не станувало збор за годишно ништење на документи.

„Намерата да се сокријат докази доаѓа и од фактот дека процесот на ништење на документацијата започнал во исто време со ништењето на системите за прислушување. УБК нема посебна процедура за ништење на материјали, што значи требало да ангажираат фирма за ништење, а не документите да ги палат во базата во Петровец“, рече Ристоска.

Адвокатот на Грујевски, Љупчо Шврговски побара судот да ги ослободи обвинетите од обвиненијата, бидејќи во овој случај не постои кривично дело, додека адвокатите Миле Петровски и Петар Василев во своите завршни зборови ја спореа надлежноста на СЈО за овој случај.

Горан Грујевски пресуда СЈО Тврдина 2
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.