НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Знамето од Вергина развиорено пред домот на Архиеписокоп г.г. Стефан

2
By Нова ТВ on November 14, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Сите ги паметат контроверзните изјави на видни свештени лица од МПЦ кои се јавуваа во времиња кога на поранешната Влада водена од ВМРО-ДПМНЕ и требаше поддршка за одредени прашања кои задираа во сферата на прекршување на човековите права, но и одредени активности кои граничеа со подгревање на верски и етнички тензии. Овие активности на МПЦ во последните 11 години, кои одеа во прилог на национал-десничарските политики на поранешната власт водеа кон демонизирање на вработените жени, како на пример јавните жигосувања на т.н. амбициозни жени кои МПЦ ги обвинуваше за падот на природниот прираст на начин кој беше селективен и се однесуваше само на жени од македонска националност. Ова се случуваше токму во време кога тогашната власт ги предлагаше рестриктивните политики за абортус, како и за трето дете.

 

Исто така медиумите известуваа за бројни политички говори кои свештени лица ги држеа во руралните краеви на државата и отворено на верниците им порачуваа дека ако ја сакаат милоста на Бога треба да гласаат за ВМРО-ДПМНЕ.

Улогата на Црквата не беше безначајна ниту при реализација на проектот Скопје 2014 кога МПЦ не само што не ја осуди, туку отворено ја поддржа злоупотребата на православната вера при насилството на студенти од Архитектонскиот факултет кои се противеа на одредени архитектински и урбанистички решенија и заврши со нивно тепање од страна на партиски членови затскриени зад верата и православието.

Не се малку ниту финансиските контроверзи врзани со работата на МПЦ. Во 2009 тогашниот директор на УЈП, Горан Трајковски, предложи мерки за финансиска транспарентност на верските институции образложувајќи ги големите обрти на средства од продажба на добра и услуги од страна на Црквата без никакви отчети и даночни обврски. Трајковски по ова се повлече откако МПЦ успешно ја употреби веќе силната спрега меѓу нив и власта и му ја одзема и моќта и влијанието.

Врските на МПЦ со десницата и ВМРО-ДПМНЕ влегуваат во посериозни финансиски малверзации, уште во времето на првата Влада на партијата кога министер за финансии е Никола Груевски. Тогаш прв пат се јавуваат сериозни индиции за корупција при купопродажбата на хотелот на Изгрев, но МПЦ успева да се извлече во судските прицеси кои се видат по 2006 во судската власт водена од Груевски.

Еден од малкуте случаи кои се регистрираат во извештаите за кршење на човековите во меѓународните организации е оној со Јован Вранишковски, кој се водеше кај политички затвореници поради основање на друга православна црква.

НОВА ТВ вчера објави истражување кое откри како Црквата со помош на владата на ВМРО-ДПМНЕ изнудувала донации на бизнисмени и финансиски моќни индивидуалци со намера да го поддржат проектот Скопје 2014 во делот на верските објекти. Денеска екипата на НОВА ТВ забележа дека на резиденцијата на Архиепискот Стефан се вее знамето од Вергина, во време кога Македонија се обидува ги подобри односите со Грција во име на евроатлантските процеси.

Политичко знаме над тврдината на Г.Г. Стефан

На резиденцијата каде што живее поглаварот на МПЦ, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, развиорени се три знамиња. Државното знаме, знамето на МПЦ и знамето со 16 крако сонце од Кутлеш (Ѕвездата од Вергина).

Тоа е единственото нешто што може однадвор да се види во приватното живеалиште на Поглаварот на МПЦ, кое се наоѓа на скопско Кале.

НОВА ТВ испрати прашање до Црквата, дали поставувањето на знамето со сонцето од Кутлеш е лична желба на г.г. Стефан или тоа е политика на МПЦ, но не добивме одговор.

Истото прашање му го упативме и на портпаролот на Синодот, владиката Тимотеј, кој телефонски ни одговори:

„Никогаш во Синодот ние не сме расправале кој какво знаме ќе стави на приватниот објект каде што живее некој од владиците. Но, се знае дека тоа би требало да е државното знаме. Поставување на знаме со ѕвездата од Вергина не е политика на МПЦ, туку приватна желба на Поглаварот Стефан. Кај мене дома нема никакво знаме, но ако би ставил знаме, тоа би било тоа знамето на Република Македонија“.

Владиката Тимотеј уште додаде за развиореното знаме со 16 крако сонце на резиденцијата на г.г. Стефан, одговорот да го бараме лично од Поглаварот на МПЦ.

Привремена спогодба

Што предвидува Привремената спогодба меѓу Република Македонија и Република Грција, склучена во Њујорк на 13 септември 1995 година, во која во вкупно 23 члена се регулирани односите меѓу двете земји.

Во членот 7 пишува:

„Секоја Страна веднаш ќе преземе ефектни мерки за забранување на непријателски активности или пропаганда на агенциите под државна контрола и за обесхрабрување на активностите од приватни субјекти, за кое е веројатно да се смета дека ќе поттикнат насилство, омраза и непријателство помеѓу нив“.

Резиденцијата на Поглаварот е приватна, но тој сепак е највисок претставник на МПЦ– О.А. Во неговиот дом доаѓаат претставници од државниот врв, а особено традиција е на неговиот именден на 7 јануари, на гости да му дојдат претседателот на државата, претседателот на Парламентот и премиерот.

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ гласале против

Во 2013 година, пратеникот Ивон Величковски до Собранието поднесе закон за забрана за употреба за симболот на Кутлеш (Вергина).

Величковски тогаш образложи дека доколку се забрани употребата на овој симбол, што е дел од обврските што нашата држава ги презела со Привремената спогодба потпишана со Грција во 1995 година, ќе се поттикнат добрососедските односи што се важни за евроатланските аспирации на земјава.

Но, пратениците на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ гласаа против донесување на овој закон, а пратениците од ДУИ беа воздржани. За пратениците на ВМРО-ДПМНЕ евентуалната забрана на симболот од Кутлеш значи задирање во македонскиот национален идентитет, а тие од СДСМ сметаа дека доколку се изгласа законот тоа ќе отворат многу други големи прашања поврзани со културно – историските споменици и имотите на Македонците кои живеат во Грција.

Сонцето од Кутлеш сценографија на протести

Знамето со Ѕвездата од Кутлеш е редовна сценографија на протести  организирани од ВМРО-ДПМНЕ или од некои здруженија кои се себеси се нарекуваат патриотски.

Црквата и ВМРО-ДПМНЕ многу често имаат исти ставови по одредени политички прашања, а заземаат идентичен став и за некои морални вредности, човекови права или закони.

Партијата и Црквата освен што се идеолошки блиски, во Статутот на ВМРО-ДПМНЕ пишува дека „во случај на престанок на партијата, нејзиниот имот преминува во сопственост на Македонската православна црква“.

НОВА ТВ вчера објави истражување во кое МПЦ и ВМРО-ДПМНЕ се здружени и кога треба од верниците да се собираат пари за изградба на цркви. Но, сторијата на НОВА покажа дека зад тие милосрдни донаторски акции се кријат црковно – политички – бизнис зделки скриени зад љубовта кон Бога.

ВМРО-ДПМНЕ г.г. Стефан Знаме МПЦ црква
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески Кошаркарскиот натпревар помеѓу македонската и романската репрезентација кој се одигра завчера во Киманово стана уште еден во низата на натпревари преплавени од националистички скандирања и говор на омраза. Уште по скандалозно е што овој пат, антиалбанските скандирања се случуваа во присуство на владина делегација, меѓу кои беа премиерот Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, вицепремиерот Иван Стоиљковиќ, кумановскиот градоналачник Максим Димитриевски. и други високи државни претставници. Скандалозните антиалбански скандирања кој се слушаат на објавеното видео од натпреварот можеа да ги слушнат сите во салата, но се чини дека тие не допреа до високите владини претставници на трибините, меѓу нив и најповиканиот, шефот на МВР, Тошковски. Апсурдноста на националистичките скандирања е уште поголема ако се знае дека репрезентацијата на Северна Македонија е од мешан етнички состав. ЛибертасСоцијалдемократскиот сојуз (СДСМ) и Демократската унија за интеграција (ДУИ) ги осуди навредливите скандирања на навивачите на синоќешниот кошаркарски натпревар во спортската сала во Куманово, на кој присуствуваше и владина делегација. Од СДСМ сметаат дека говорот на омраза и навредите кон која било етничка заедница е обид да се создаваат поделби меѓу граѓаните, а најчесто тоа се случува пред избори. „СДСМ апелира до сите граѓани да останат разумни и да не подлегнуваат на провокации и на насилен национализам кој намерно се активира секогаш кога се приближуваат избори. Не е првпат да гледаме како одредени стрктури ја разгоруваат омразата со една цел, да ги поделат граѓаните и да ја пренасочат дебатата од реалните проблеми“, се вели во реакцијата од СДСМ. Оттаму очекуваат иста ваква осуда од премиерот и од владините претставници што биле присустни на настанот. Според ДУИ, молкот и отсуството на институционална реакција за настанот не може да помине без конкретна политичка одговорност, па затоа бараат оставки од функционери на коалицијата ВЛЕН. „Бараме непосредна оставка од Астрит Исени, заменик-министер за внатрешни работи и оставка од Сафие Садики Шаини, заменик-министерка за спорт, поради нивниот неуспех да реагираат, да го заштитат јавниот интерес и да адресираат еден тежок инцидент што директно го загрозува меѓуетничкиот соживот и достоинството на албанските граѓани“, се вели во партиското соопштението. Покрај тоа, бараат и сите претставници на Албанците во Владата што извршуваат клучни финкции да се дистанцираат од овој неприфатлив акт и да ја отворат оваа тема на следната владина седница, со предлог за строги санкции кон одговорните и веднаш да се повлечат од оваа Влада што поттикнува поделби и омраза. „Извинувањето не е решение. Извинувањето нема вредност кога истиот пристап се повторува во секој сличен случај. Остуство на реакција значи соучесништво“, пишува во реакцијата од ДУИ, Реакцијата најверојатно е поттикната од задоцнетата реакција на Општина Куманово, кои преку соопштение на Фејсбук, еден ден по напреварот изрази жалење за она што, како што велат, ден подоцна воочиле дека на натпреварот во еден момент од одредени поединци во публиката имало скандирање на неприфатливи пароли со кои се подгрева етничка нетрпеливост во општина која се темели на мултиетнички вредности, како што објавија на Фејсбук, во оваа прилика, Општина Куманово јавно ги осудува ваквите скандирања и се оградува од истите во својство на домаќин на настанот. Одговорност за навредливите скандирања на натпреварот во Куманово побара потпретседателот на ДУИ и поранешен министер за надворешни работи, Бујар Османи кој со Фејсбук пост го осуди скандалозното скандирањето со антиалбански пораки на навивачите на кошаркарскиот натпревар што синоќа се одигра во спортската сала во Куманово. Според него, отсуството на реакција од самиот премиер и од Владата, пак, испраќа позагрижувачка порака за нормализација на овие трендови.

ВЕСТИ August 4, 2025

Кошаркарскиот натпревар помеѓу македонската и романската репрезентација кој се одигра завчера во Киманово стана уште…

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

August 3, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.