НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Солунскиот градоначалник Бутарис денеска во Скопје

0
By Нова ТВ on November 16, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Градоначалникот на Солун Јанис Бутарис денеска доаѓа во Скопје на средба со скопскиот градоначалник Петре Шилегов на која ќе се договара поблиска соработка меѓу двата града..

Грчките весници коментираат дека посетата на Бутарис доаѓа во време на зголемен оптимизам во Атина за подобрување на односите кои беа нарушени од долгогодишниот спор за името, како и „по поразот на поранешниот националистички премиер Никола Груевски на последните избори и формирањето нова Влада која се смета за поотворена за разговори“.

Во изјава за „Катимерини“ пред посетата, Бутарис демантира дека неговата посета е поврзана со очекувањата на Атина за продолжување на разговорите за прашањето за името.

– Ние не се занимаваме со надворешна политика. Се обидуваме со дипломатија меѓу градовите да ги приближиме граѓаните на двете земји и заеднички да работиме за решавање на некои проблеми што ги имаме како соседи, вели Бутарис.

Посочува дека голем број граѓани на Македонија доаѓаат во Солун за шопинг забава и туризам. Целта на посетата на Скопје, вели, е да се изградат најдобри можни односи меѓу двата града.

Бутарис не сака да го коментира спорот за името пред посетата на Скопје, иако, потсетува Катимерини, во минатото се изјаснил дека е за сложено име како можно решение.

Бутарис во Скопје ќе се сретне и со премиерот Зоран Заев, со претседателот Ѓорге Иванов и со министерот за надворешни работи Никола Димитров, а е планирана средба и со лидерот на ДУИ Али Ахмети.

На почетокот на октомври НОВА разговараше со Бутарис во Солун.

Бутарис Заев Скопје средби Шилегов
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.