Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) го објави конечниот изглед на четирите шешири за ждрепката за групите за мундијалот во Русија во 2018 година.
Во првиот шешир, покрај домаќинот на завршниот турнир, се најдоа и седумте најдобри селекции на ранг листата на на ФИФА – Германија, Бразил, Португалија, Аргентина, Белгија, Полска и Франција.
Вториот шешир го предводи Шпанија, а друштво на „црвената фурија“ ѝ прават перу, Швајцарија, Англија, Колумбија, Мексико, Уругвај и Хрватска.
Осумте селекции во третиот шешир се: Данска, Исланд, Костарика, Шведска, Тунис, Египет, Сенегал и Иран.
Своите противници од четвртиот шешир ќе ги дочекаат Србија, Нигерија, Австралија, Јапонија, Мароко, Панама, Јужна Кореја и Саудиска Арабија.
Светското првенство во Русија ќе почне на 14 јуни догодина и ќе трае до 15 јули. Ждрепката на групите е закажана на 1 декември во Кремљ.