Џек Сок се проби до полуфинале на завршниот Мастерс во Лондон. Американскиот тенисер го доби директниот дуел за второто место во групата „Борис Бекер“ против Александар Зверев со 6:4, 1:6, 6:4 и за финале ќе игра против Бугаринот Григор Димитров.
Првото место на табелата го осигура Роџер Федерер кој групната фаза во Лондон ја заокружи со максимален ефект. По триумфите над Сок и Зверев, Швајцарецот во третото коло го совлада и Марин Чилиќ со 6:7, 6:4, 6:1 и во полуфиналето ќе игра со победникот од мечот меѓу Доминик Тим и Давид Гофан чиј почеток е закажан во 15 часот.
Покрај пресметката меѓу Австриецот и Белгиецот, групата „Пит Сампрас“ денеска го носи и натреварот меѓу Пабло Карено Буста и Григор Димитров од 21 часот.