Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

13 отсто од македонските државјани се членови на ВМРО, СДСМ или ДУИ

0
By Нова ТВ on November 17, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, November 17, 2017 16:34

Македонија е далеку пред европските партии по бројот на членови и е исклучително партизирана држава, покажуваат податоците што ги објави невладината организација Центар за граѓански мониторинг во Компаративната студија за изборните недостатоци во Македонија и искуствата во регионот.

Во Македонија дури 13 отсто од жителите членуваат во една од трите најголеми партии: ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ или ДУИ, додека членството во највлијателните европски партии не е поголемо од 2 отсто од вкупното население во соодветните земји. Според податоците објавени во студијата, ВМРО-ДПМНЕ има околу 170.000 членови, што е 8 отсто од вкупниот број членови во трите најголеми партии. СДСМ, според официјални проценки, има околу 70 илјади, а ДУИ двојно помалку, 35 илјади.

Од друга страна се европските партии, па така во Велика Британија, на пример, која има околу 66 милиони жители најбројна е Лабуристичка партија која годинава имала 517 илјади членови, односно помалку од еден отсто во однос на целата популација. Трите водечки политички партии во Британија – Лабуристичката, Конзервативната и Либерал-демократската, како што се наведува во студијата, имаат вкупно членство не поголемо од 1,6 отсто од избирачкото тело.

Слични се бројките и за Русија, каде што партијата Обединета Русија, која брои околу два милиони членови има помалку од два отсто од електоратот.

Во фокусот на истражувањето е и финансирањето на политичките партии, висината на донациите, санкциите, контролата на собирањето на парите. Во Македонија има регулатива, но не се спроведува и според многу оценки, лимитот што е дозволен за донации во Македонија е висок во споредба со стандардот на населението. Тоа е и една од критиките на ГРЕКО и ОДИХР, кои освен примена на санкциите, бараат од Македонија да го намали лимитот за донации од приватни компании кој што е 30.000 евра и од физички лица кој изнесува 3.000 евра, бидејќи им изгледа нелогично во земја со просечна плата од околу 350 евра некој да дава толкава донација за партија.

За споредба, многу земји имаат забрането донации од компании, а во Словачка на пример, секој што ќе даде донација мора да потпише договор, сите донации во земјата одат преку банкарски сметки. Повеќето партии во Европа имаат свои ревизори, а исто така и процедурите за контрола на извештаите предвидуваат во повеќе земји ревизија пред да се предадат извештаите. Во добар дел од земјите, пак, има еден вид европски стандард, да се забранува политичкото рекламирање надвор од јавните сервиси.

Генерална оценка на меѓународните организации, кои ги следат изборите е дека во Македонија институциите што го контролираат финансирањето на партиите се хибридни, дека не се ниту независни од владата, ниту независни од политичките партии и дека контролата кај е повеќе регулатива, отколку реалност.

Но, примената на санкциите е слаба точка во повеќето европски земји. Најголем дел од земјите во Европа, дури 36 од 44, предвидуваат главно парични казни за партиите при што некои се смешни, како таа во Франција од околу 3.780 евра.

На Балканот, пак, присутна е појавата јавни или полудржавни претпријатија да се јават како донатори на политички партии, што ОБСЕ бара стриктно да се забрани.

Она што е заедничко за Македонија и другите земји е дека има голем јаз меѓу тоа што го предвидуваат законите и како се применуваат, што, сепак, не не прави нас подобри и подемократски,  бидејќи сме многу поназад во однос на останатите по нивото на неприменување на контролата и санкциите.

Што се однесува до избирачките списоци, односно каква е разликата меѓу бројот на гласачите и населението, во Македонија таа разлика е нешто над 10 отсто, а податоците покажуваат дека во Германија, на пример, тој распон е 28,8 отсто, а во Белгија 26.

Во оние држави кои добиваат високи оценки од ОБСЕ за успешноста на изборите за деморкатичноста на изборите една третина од граѓаните не се гласачи, што покажува колку е прочистен избирачкиот список кај нив и колку не е прочистен кај нас.

Линк до анализата

ВМРО-ДПМНЕ истражување политички партии СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 16, 2026

„Вака се казнуваат и се замолчуваат вработените во правосудството“ — остри критики за предлог-законите за судска и обвинителска служба

ВЕСТИ June 16, 2026

Или да се повлече целиот Предлог-закон или излегуваме на генерален штрајк, се слушнаа најави на…

Техеран: Го отворивме Ормундскиот премин – минаа првите бродови

June 16, 2026

Институт Ројтерс: За прв пат социјалните мрежи прераснаа во доминантниот извор на вести во светот

June 16, 2026

Ваташа: “Стрелајте кучиња, но нашата идеја нема да умре!” – 83 години од Ваташкиот масакар

June 16, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.