НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нема шега со тетовци: Шкендија го наполни Скопје, три гола на Хасани

0
By Нова ТВ on November 19, 2017 СПОРТ
Фото: facebook.com/fcshkendija
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Фудбалерите на Шкендија им фрлија нова ракавица на колегите од Вардар. Тетовските „црвено-црните“ го совладаа Скопје со 4:0 и повторно пренесоа притисок врз шампионот дека нема право на кикс вечерва (18 ч.) на „Телеком арена“ против Пелистер во последниот меч од 16. коло во фудбалското првенство на Македонија.

Три од четирите гола под Шара попладнево реализира капитенот на тетовци, Ферхан Хасани. Серијата на погодоци ја отвори во 11 минута, ја продолжи во 38. и ја затвори во 60. како печат на 13. триумф во сезоната со кој Шкендија стигна до бројката од 40 освоени бода од можни 48 досега. Во меѓувреме, во 53 минута, меѓу стрелците се впиша и Егзон Бејтулаи.

Победник немаше во дербито според позициите на табелата. Академија Пандев и Работнички одиграа 1:1 пришто гостите од Скопје успеаја до бод во Струмица во четвртата минута од судиското продолжение. Сержињо беше стрелец на погодокот за избегнување на пораз на стадионот „Младост“. Водство на домашните обезбеди Балдовалиев во 52 минута.

Силекс беше единствениот состав што освои три бода на гости попладнево. Кратовци триумфираа против Победа во Могила со 2:0 со головите на Тимов во 20 минута и на Ѓорѓевиќ во 65.

Сигурен настап пред своите гледачи и на екипата на Шкупи која ја порази Ренова со 4:1. Двоен стрелец за чаирчани беше Јашароски во 20 минута и во 59., Стојкоски во 13. и Адем во 71.

Прва лига, 16 коло

Резултати

Шкендија – Скопје 4:0

Академија Пандев – Работнички 1:1

Победа – Силекс 0:2

Шкупи – Ренова 4:1

Вардар – Пелистер (18 ч.)

Табела: Шкендија 40, Академија Пандев 27 (-1), Вардар 26 (-3), Силекс 25, Работнички 19 (-1), Шкупи 18 (-1), Ренова 17, Пелистер 15 (-1), Победа 15, Скопје 9 (-1).

Прва лига Скопје Ферхан Хасани фудбал Шкендија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.