Реал Мадрид и Ливерпул по победи, за Бешикташ и Шахтјор ќе доволно и реми за пламсна во осминафиналето во Лигата на шампиони (ЛШ) на коло до крајот на групната фаза.
Најтешката задача притоа ќе има украинскиот претставник од Доњецк кој вечерва од 20,45 ч. му гостува на Наполи во петтата рунда во рамки на групата Ф. Но, Шахтјор воедно е растоварен од некаков особен императив против еден од најефикасните клубови во Европа со оглед дека на „Сан Паоло“ ќе истрча со шест бода предност од калчолигашот и со триумф од првата средба со 2:1.
Притисокот, напротив, е на страна на наполитанците кои немаат друг избор освен трите бода за да останат конкурентни за презимување како дел од европската клупска елита. Самодоверба не недостасува на тимот на Маурицио Сари кој викендот го совлада Милан со 2:1 како одлична увертира за вечерашните обврски во ЛШ. Во истата конкуренција ќе играат и Манчестер сити – Феенорд.
Слична е позицијата и на Бешикташ. Турскиот претставник го дочекува Порто, со евентуален бод ќе нема потреба да чека вести за исходот на „Луј Втори“ каде Монако ќе биде домаќин на Лајпциг и ќе заврши како лидер во групата Г.
Европскиот шампион, Реал Мадрид денеска гостува на Кипар кај АПОЕЛ во реприза на четврт-финалниот двомеч од пред пет ипол години. „Кралевите“ моментнио заостануваат три бода зад Тотенхем меѓутоа на крајот би можеле да завршат на првото место во групата за што најпрво ќе им треба помош и од „милионерите“ кои на „Вестфален“ во Дортмунд ќе играат со спарси.
Најинтересно ќе биде во групата Е која носи директен судир на Севилја и Ливерпул за врвот на табелата. Со евентуална победа на „Санчез Пискуан“, премиерлигашот ќе биде во пол-позиција во пресрет на последното коло, исход на кој се надева и Спартак чии фудбалери во Москва за противник го имаат Марибор.
Лига на шампиони
Денеска играат
Група Е
Спартак Москва – Марибор (18 ч.)
Севилја – Ливерпул (20,45 ч.)
Табела: Ливерпул 8, Севилја 7, Спартак Москва 5, Марибор 1.
Група Ф
Наполи – Шахтјор (20,45 ч.)
Манчестер сити – Феенорд (20,45 ч.)
Табела: Манчестер сити 12, Шахтјор 9, Наполи 3, Феенорд 0.
Група Г
Бешикташ – Порто (18 ч.)
Монако – Лајпциг (20,45 ч.)
Табела: Бешикташ 10, Порто 6, Монако 4, Лајпциг 2.
Група Х
Борусија Дортмунд – Тотенхем (20,45 ч.)
АПОЕЛ – Реал Мадрид (20,45 ч.)
Табела: Тотенхем 10, Реал Мадрид 7, Борусија Дортмунд 2, АПОЕЛ 2.