Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Зошто се небезбедни: Галиите можат да го поплават Скопје

0
By Нова ТВ on November 25, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, November 25, 2017 10:29

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов најави дека ќе се отстрануваат бетонските бродови- галии од Вардар, кои се угостителски објекти.

-Бродовите во Вардар се водат како урбана опрема. Дадов налог да се направи анализа како да се отстранат со оглед дека две од нив веќе работат како угостителски објекти, вели градоначалникот Шилегов.

Како главна причина Шилегов ја наведе нивната небезбедност. Но во интервјуто за ТВ 24 во четвртокот Шилегов појасни дека таа нивна небезбедност, всушност претставува опасност за целиот град, во случај на надоаѓање на поголеми води, што може да придонесат за излевање на реката во Скопје.

-Тие се небезбедни затоа што претставуваат определен вид брана, во услови кога коритото на Вардар е проектирано за проточни води во наредните 100 години. Во случај на поголеми води, може водата да се излее во Скопје, изјави градоначалникот Шилегов.

Лани во мај надојдениот Вардар ги поплави самите галии -на едната галија која беше хотел водата беше до прозорците, а од галијата „Ројал“ со кофи се вадеше вода од внатрешноста на бродот. На приодите и под прозорците беа поставени вреќи со песок за да се спречи продорот на водата.

 

Одлуката за поставување на бродови во Вардар беше донесена во 2012 година, во времето на ексградоналникот Коце Трајановски.

Две од локациите за бродовите доби фирмата „ФалангаДИМ“, која со нив ќе стопанисува за нив 10 години и на Град Скопје ќе му плаќа кирија од 1.050 евра за едниот сплав, и 1.250 евра за другиот. Третата локации под концесија ја зема Стoјан Филиповски, сопственик на ресторанот „Воденица“.

Тие според договорот со Град Скопје требаше сами да ги изградат и да стопанисуваат со нив 10 години. Првата галија односно бродот „Ројал Македонија“ беше пуштен во употреба во јуни 2014 година. Бродот кој работи и како хотел на Филиповски почна со работа лани.

Вардар Галии отстранување поплави Скопје Шилегов
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026
ФОКУС
April 25, 2026

Иран му се заблагодари на Пакистан, а потоа повлече линија: Нема договор без прекин на блокадата

ВЕСТИ April 25, 2026

Иран му се заблагодари на Пакистан за неговите напори за посредување во обидот да се…

Работниците во културата на 28-ми април пак ќе протестираат со прака: „Договорите не се поништуваат, уметниците не се понижуваат“

April 23, 2026

Дволичност околу двојните државјанства на пратениците – два важни закона истуркани во еден ден по скратена постапка

April 22, 2026

Трамп: Без договор со Иран, продолжуваме со нападите- нема пролонгирање на прекинот на огнот

April 21, 2026
ТИКЕР

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.