НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ракометна ЛШ: Металург немаше сили за трка со Мотор

0
By Нова ТВ on November 25, 2017 СПОРТ
Фото: rkmetalurg.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Металург загуби од Мотор Запорожје со 22:30 во деветтото коло од групата Д во ракометната Лига на шампиони. Украинскиот состав ја оправда фаворитската улога во ВИП арената „Борис Трајковски“ оставајќи го македонскиот вицепрвак без трошка надеж за победничко збогување со своите навивачи на европската сцена.

Гостите од Украина уште од почеток дадоа до знаење дека се дојдени за што порано обезбедување на бодовите, а потоа и нивно рутинско одработување. Таквото сценарио и го реализираа. Резултатски се одлепија во воведот за 1:5 и не дозволија серија или постепено враќање на металурзи.

На десетминутната пауза заминаа со позитива од пет гола (11:16) што без особени проблеми ја надградуваа во продолжението. Напомош на Металург не беше ниту солидниот Арсиќ на голот со 11 интервенции од причина што и Мотор го имаше Терехов меѓу стативите кој натпреварот го заврши со 13 одбранети удари.

Најефиксен ракометар меѓу домашните беше Дарко Димитриевски со пет гола, еден повеќе од Халил Јагањац. Пет гола за победничката екипа постигна Артем Козакевич, но имаше поддршка од речиси сите останати колеги. Во листата на стрелци, освен двајцата голмани, не се впишаа само Комок и Целишчев.

Во Д конкуренцијата денеска играа и Чеховски Медведи и Спортинг Лисабон. Рускиот претставник славеше со 30:27. Лидер на табелата е тимот на Монпелје кој утре попладне е домаќин на Бешикташ на Филип Лазаров и Немања Прибак.

Металург во последното коло на 2 декември ќе гостува во Португалија на екипата на Спортинг Лисабон.

Металург – Мотор Запорожје 22:30 (11:16)

ВИП арена „Борис Трајковски“ во Скопје. Гледачи: 1.500. Судии: Јири Опава и Павел Валек (двајцата од Чешка).

Металург: Томовски (2 одбрани), Арсиќ (11 одбрани), Даниловски, Петров 2, Јагањац 4, Токиќ, Серафимов, Кузмановски 2, Илиќ 1, Анѓелиќ 2, Велковски, Пешевски 3, Палевски, Гуглета 3, Димитриевски 5, Арсеновски. Тренер Александар Јовиќ.

Седмерци: 3/7. Исклучувања: 4 минути.

Мотор Запорожје: Киреев (4 одбрани), Терехов (13 одбрани), Буиненко 2, Бабичев 3, Маласинскас 3, Шевелев 1, Денисов 2, Дорошчук 1, Козакевич 5, Пацковски 2, Жук 2, Шинкел 4, Комок, Целишчев, Шелменко 3, Пуховски 2. Тренер: Патрик Ромбел.

Седмерци: 4/6. Исклучувања: 10 минути.

Лига на шампиони Металург Мотор Запорожје ракомет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.