Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Најмногу пет дена трае процедурата за одземање на мандат на пратеник

1
By Нова ТВ on November 28, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, November 28, 2017 12:23

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против  триесет и шест лица поради  основано сомнение за сторено кривично дело Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста од член 313 од Кривичниот законик, се вели во соопштението од ОЈО.

Денеска во Кривичниот суд пред истражен судија за настаните кои се случија во Собранието на 27 април  се изведени десетина лица одговорни за организирање и помагање на настаните.

Меѓу приведените е и поранешниот министер за внатрешни работи и ексдиректор на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков, други припадници на МВР, неколку јавни личности и актери и пратеници.

Приведени се и пратениците Крсто Мукоски, Сашо Василевски и Жаклина Стефановска, а се уште се трага по други лица кои помагаа во извршување на делото.

фото: Нова Македонија

Според член 53 од Деловникот на Собранието од денот на верификација на мандатот, пратениците уживаат имунитет. Како што предвидува ставот 2 од овој член, надлежниот орган може да поднесе барање за одобрување на притвор за пратеник.

„Известувањето дека пратеникот е притворен затоа што е затечен во вршење кривично дело за кое е пропишана казна затвор во траење од најмалку пет години, надлежниот орган го поднесува до претседателот на Собранието. (4) Надлежниот орган го известува претседателот на Собранието за притворот на пратеникот и кога тој не се повикал на имунитетот. (5) Претседателот на Собранието, барањето за одобрување на притвор, односно известувањето дека пратеникот е притворен веднаш го доставува до Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања. Комисијата е должна да го разгледа барањето, односно известувањето и во рок од два дена да достави извештај до претседателот на Собранието. (6) За седницата на Комисијата се известува и пратеникот на кого се однесува барањето.  Врз основа на извештајот на Комисијата за деловнички и мандатно- имунитетни прашања, Собранието најдоцна во рок од три дена од добивањето на барањето за притвор на пратеникот, одлучува по барањето. (2) По известувањето за притворање на пратеник кој не се повикал на имунитет, Собранието може да одлучи да се примени имунитет над пратеник, ако тоа е потребно за вршење на функцијата пратеник“, пишува во Деловникот на Собранието.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери во изјава за МИА вели дека доколку до него биде доставено барање од соодветна надлежна институција од судската власт тој не можае да избира меѓу тоа дали ќе постапува или не, затоа што како претседател на Собранието мора веднаш да ја препрати до Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања која е надлежна да расправа за барањето.

Џафери вели дека како претседател на Собранието нема намера да ја коментира одлуката и надлежноста на соодветното Обвинителство по однос на наредбите што тоа ги издаде.

„Во контекст на процедурите кои се пропишани со Устав и со Деловникот за работа на Собранието, сметам дека има дилеми по однос на почитувањето или непочитувањето докрај на соодветната процедура апропо одредбите од член 64 од Уставот каде е стриктно прецизирано дека пратеник не може да се лиши од слобода без одобрение на Собранието. Оваа одредба потоа ја прецизира Деловникот во деловите од членот 53 до 59 во сите аспекти на спроведувањето на таа одлука на Обвинителството. Во тој контекст сметам дека не се докрај испочитувани процедурите“, изјави претседатело на Собранието Талат Џафери.

Претседателот на Комисијата за деловничко и мандатно-имунитетни прашања Павле Богоевски денеска изјави дека до овој момент до Собранието на Република Македонија не е пристигнат никаков допис од Судот со барање за повлекување на имунитет на пратеници.

Според него, седницата на Комисијата би се одржала дури и без присуство на опозицијата бидејќи владејчкото мнозинство има доволно пратеници за кворум за работа.

– Веднаш штом ќе пристигне таков допис јас ќе ја закажам седницата на Комисијата, изјави Богоевски.

Според процедурата, како што појасни тој, барањето прво треба да се достави до претседателот на Собранието.

Обвинителството предистражната постапка против 36 лица ја води според членот 313 од Кривичниот законик за ова дело предвидува најмалку 10 години казна затвор.

„Тој што со намера да го загрози уставниот поредок или безбедноста на Република Македонија ќе предизвика или сериозно ќе се закани со предизвикување експлозија, пожар, поплава или друго општоопасно дејствие или акт на насилство, создавајќи чувство на несигурност или страв кај граѓаните, ќе се казни со затвор најмалку десет години“, пишува во членот 313.

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение ги повика сите членови и симпатизери на партијата и сите граѓани кои не се согласуваат со антидржаната политика на владеачката хунта да излезат на протест пред основниот суд Скопје во 13:30 часот.

27.април имунитет Јавно обвинителство пратеници Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.