НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Свилановиќ: Во Сирија и Ирак заминале 1.000 лица, се вратиле само 300

0
By Нова ТВ on November 30, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Околу 1.000 поединци од Западен Балкан отпатувале во Сирија и Ирак од 2012 г. до 2017 г., околу 300 се вратени, околу 200 се убиени, а околу 400 се уште се наоѓаат таму“, изјави денеска Генералниот секретар на Регионалниот совет за соработка (РСС) Горан Свилановиќ.

Тој, како што соопшти РСС, изјави дека „темпото на заминување на граѓаните од регионот се намалило во 2015 година, а речиси во целост е запрено во средината на 2016 година. Во истовреме, од цела Европска унија околу 5000 граѓани заминале да се борат во Сирија и Ирак“, рече Свилановиќ во обраќањето на Втората меѓународна конференција за борба против тероризмот и насилниот екстремизам во Југоисточна Европа, што се одржува денеска во Брдо кај Крањ во Словенија.

Свилановиќ додаде дека овие податоци, кои поттекнуваат од студија што наменски ја порача РСС, „не доведуваат чекор поблиску да осмислиме што треба да се направи од училиштата до затворите за да се победат насилните идеологии кои доведуваат до ужасите на тероризмот“.

 

Учесниците на Конференцијата на која има претставници на Влади од Западен Балкан и повеќе меѓународни и регионални организации и инцијативи што се занимаваат со овој проблем, ќе разговараат за моменталните трендови и предизвици во активностите на европско, регионално и национално ниво, како и за начините на спроведување на порано договорениот принцип – „цела влада, цело општество“, во сузбивање на насилниот екстремизам.

Конференцијата ја организира Регионалниот совет за соработка  заедно со Министерството за внатрешни работи на Словенија, како и со Иницијативата на Западен Балкан за борба против тероризмот и Конвенцијата за полициска соработка во Југоисточна Европа.

Првата Конференција за овој проблем е одржана во ноември во Тирана. Република Македонија како основач и активен член на Процесот за соработка во Југоисточна Европа активно партиципира на овие собири.

 

Западен Балкан конференција тероризам и екстремизам
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

ВЕСТИ August 4, 2025

Во најновите руски напади извршени 405 напади врз 10 населени места во Запорожјето, а три…

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

August 3, 2025

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.