НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Драган Спасов-Дац најави казни за актерите што не ја одиграа претстава

0
By Нова ТВ on December 2, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

В.д директорот на Македонскиот народен театар, Драган Спасов – Дац и Оливер Митковски – еден од актерите кои вчера ја напуштија претставата Ничија земја денеска на „Фејсбук“ ги образложија своите постапки. Дац и се извини на публиката за откажаната претстава Ничија земја и рече дека ништо не смее да биде поважно од публиката, додека Митковски смета дека нивната одлука била емотивна, но човечка.

„Ова го почувствував како атак кон мене и кон нашата публика“, напиша Дац.

Тој најави дека сите актери што одлучиле претставата да не се одржи ќе бидат казнети за своите постапки.

„Пријатели и љубители на театарот, денеска се случи нешто што не смееше да се случи. Се откажа претстава во МНТ. Покрај мојата сугестија и наредба да се игра претстава, глумците своеволно одбија да ја играат претставата ‘Ничија земја’, како поддршка за приведените глумци кои беа инволвирани во случувањата од 27 април во Собранието. Сите до еден ќе бидат казнети за непослушноста и по разговорот со мене свесни се за проблемот кој го направија“, напиша Дац на Фејсбук.

По ова, на „Фејсбук“ се огласи и еден од актерите во претставата, Оливер Митковски. Тој напиша дека нивната постапка не била со цел да влијаат на исходот на судските процеси, туку да се сврти вниманието на институциите и да ја вратат одлуката Јовановски да биде во куќен притвор, наместо во затворот во Шутка.

„Во случајов поради недостаток на вистински информации за мотивите на нашето дејствување а истовремено поради чувствителноста на политичката состојба во земјата пред се поради низата организирани криминални дејствија од 27 Април, јавноста со право шпекулира и бара одговори. Верувам дека на повеќето им се добро познати моите ставови во однос на владеењето на претходната политичка гарнитура, мојата осуда во однос на случувањата во собранието и мојата децениска борба за создавање на правна држава. Оттаму, нашата одлука не беше обид ниту да влијаеме на исходот на судските процеси, ниту да бараме амнестија за сторените дела. Напротив, сметаме дека доколку се докаже вината, Владо и сите останати учесници треба соодветно да бидат казнети, секој во зависност од тежината на стореното дело. Идејата беше да се сврти вниманието на јавноста и пред се на надлежните институции уште еднаш да ја преиспитаат својата одлука и да ја вратат првичната-домашен притвор. Сметаме дека во конкретниов случај, Владо има неколку олеснителни околности кои се доволни за оваа отстапка од страна на надлежните органи“, пишува Митковски.

Тој вели дека нивната одлука е емотивна, можеби по некои параметри и погрешна но во секој случај сметаат дека е човечна.

„Можеби ќе видите извесни контрадикторности во однос на целото мое претходно залагање, жалам што дел од моите пријатели и познаници ќе бидат разочарани но за мене одлуката да застанам зад оваа иницијатива е во суштина континуитет на мојата потреба да бидам не само колега туку пред се човек“, вели актерот.

27.април Владо Јовановски Драган Спасов - Дац Ничија земја Оливер Митковски притвор Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.