НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фудбал, ПМФЛ: Шкупи го запре Вардар, Шкендија без пардон со Пелистер

0
By Нова ТВ on December 3, 2017 СПОРТ
Фото: fkvardar.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Шкупи дополнително ги обремени амбициите на Вардар за одбрана на шампионската титула во домашното фудбалско првенство. Чаирчани славеа над скопските „црвено-црни“ со 2:0 во меч од 18 коло во сезоната, резултат што беше дочекан со аплауз на „Еколог арена“ во Тетово додека Шкендија ги обезбедуваше трите бода во дуелот со Пелистер. Нокаутот на вардарци на Чаир, нивни четврти во сезоната, го продуцираа Ален Јашаровски во 62 минута и Кристијан Стојкоски во 86 минута.

Вицешампионот, пак, не препушти ништо на случајот против битолчани под Шара. Тетовци на крајот триумфираа со 3:0 со погодоците на Бесарт Исмаили во 49 минута, на Ферхан Хасани во 68 минута од белата точка и на 18 годишниот Арбин Зејнулаи во 90 минута. Шкендија е лидер на првенствената табела со 46 бода, 14 повеќе од Вардар кој има и два меча помалку – одложените со Работнички и со Академија Пандев поради настапите во групната фаза во Лига Европа.

Работнички ја оправда улогата на фаворит во мечот со Скопје на „Телеком арена“. „Црвените“ од Градски парк без проблеми излегоа на крај со фенерџијата (3:0) и повторно ја истакнаа својата кандидатура за излез на меѓународната сцена во летниот период во 2018 година. Двоен стрелец за домашните беше Сержињо (83′ и 90′), откако водство за четирикратниот македонски првак осигура Душко Трајчевски во 49 минута.

Силекс со погодокот на Милош Ѓорѓевиќ во 15 минута славеше над Академија Пандев во Струмица со 1:0, а Победа и Ренова го одиграа единствениот натпревар без победник во 18. рунда. Филип Најдовски реализира за прилепчани во 73 минута, негативата на тетовци ја поништи Валмир Нафиу од пенал во 80 минута.

Фудбал – Прва лига, 18 коло

Шкендија – Пелистер 3:0

Шкупи – Вардар 2:0

Академија Пандев – Силекс 0:1

Работнички – Скопје 3:0

Победа – Ренова 1:1

Табела: Шкендија 46 бода, Вардар 32 (-2), Силекс 31, Академија Пандев 25 (-1), Работнички 23 (-1), Шкупи 23, Победа 19, Ренова 18, Пелистер 16, Скопје 10.

Вардар Прва лига фудбал Шкендија Шкупи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.