Судија на претходна постапка му одреди мерка притвор во траење од 30 дена на Абдулфетах Алими, обвинет за непостапување во службата како член на обезбедувањето на Собранието, за време на крвавиот упад во законодавниот дом. Според обвинението Алими ги дал клучевите од собраниските врати.
Алими не им беше достапен на органите на прогонот, но денеска сам се пријавил во Основниот суд Скопје 1. По распитот кај судијата, Алими бил пренесен во затворот во Шуто Оризари.
Своевремено, Алими се фалеше дека тој едвај го спасил пратеникот Зијадин Села насилниците кои на 27 април тепаа пратеници во македонското собрание.