НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Американскиот Сенат гласаше за намалување на даноците

0
By Нова ТВ on December 20, 2017 ЕКОНОМИЈА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Американскиот Сенат ја усвои верзијата на даночните реформи со која значително се намалува данокот на заработувачка за компаниите, а се намалуваат и индивидуалните даночни стапки. Ова е најголемата даночна реформа во САД во изминатите 30 години.

Според овој Закон, највисоката стапка на доход за компаниите во САД, од сегашните 35 проценти, ќе се сведе на 21 процент.

Намалувањето на даноците беше одобрено во Сенатот со 51 глас за, наспроти 48 против. И во Сенатот и во досегашните гласања во Претставничкиот дом, само претставниците на Републиканската партија гласаа во поддршка на намалувањето на даноците, додека демократските претставници гласаа против.

Покрај намалувањето на даноците, мерката предвидува укинување на обврската американските граѓани да купат здравствено осигурување, која беше клучна одредба од пакетот здравствени реформи кои ги промовираше претходниот претседател Барак Обама.

– Сенатот го усвои најголемото намалување на даноците во историјата. Ужасната обврска од Обамакер е укината, напиша претседателот Доналд Трамп на својот Твитер профил, најавувајќи прес конференција штом даночната реформа помине низ Претставничкиот дом.

Трамп вели дека намалувањето на даноците и на регулативите ќе придонесе за уште побрз економски раст и зголемување на вредноста на акциите на американските берзи.

даноци намалување САД Сенат
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.