НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Удар за Мадрид: Каталонските сепаратисти прогласија победа

0
By Нова ТВ on December 22, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Каталонските сепаратистички партии освоија тесно мнозинство во регионалниот Парламент на Каталонија, покажуваат прелиминарните резултати врз основа на 99 отсто преброени гласови од вчерашните вонредни избори.

Трите каталонски партии кои се залагаат за независност на регионот заедно освоија 70 претенички места во Парламентот, што брои 135 пратеници.

Коалицијата на поранешниот претседател на регионалната Влада Карлес Пучдемон, Заедно за Каталонија, освои 34 места, Републиканската левица на Каталонија (ЕРЦ) – 32, а екстремно левичарската партија Кандидатура за народно единство (ЦУП) – четири пратеници.

На изборите најмногу гласови доби центристичката партија Граѓаните, која е против независноста на Каталонија, освојувајќи 37 места во Парламентот.

Резултатите, од вчерашните вонредни регионални избори, се оценуваат како удар за шпанскиот премиер Маријано Рахој, кој ја разреши каталонската Влада и распиша вонередни избори, надевајќи се дека политичарите кои се залагаат за независност ќе останат надвор од власта во Каталонија.

Во првата реакција по објавувањето на резултатите, Пучдемон оцени дека освоеното мнозинство на изборите претставува победа на „Каталонската Република над шпанската држава“.

Тој посочи дека, Европската унија мора да земе предвид дека решението на Рахој не функционира, како и дека тојдобил „шлаканица по лицето“ со резултатите од изборите.

Излезноста на вчерашните предвремени регионални избори во Каталонија беше рекордна од речиси 82 отсто.

Сепак, резулатот од изборите отвора повеќе нови прашања отколку што даде одговор за иднината на Каталонија, каде долготрајниот притисок за независност доведе до судир со шпанската Влада пред два месеци.

избори Каталонија парламент резултати сепаратисти
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.