Лино Червар ја дозна казната во дисциплинската постапка што против него ја поведе Европската ракометна федерација (ЕХФ). Хрватскиот селектор е санкциониран со 3.000 евра за повлекување на противнички играч, непромислен гест што предводникот на „коцкестите“ го направи во синоќешниот дуел со Белорусија (25:23).
Паричната казна може да се окарактеризира и како симболична ако се знае дека Червар можеше да биде суспендиран до крајот на Европското ракометно првенство. Во образложението на ЕХФ за одлуката стои дека „дошло до благ контакт меѓу белоруски ракометар и Червар“ што е оценето како несоодветно и неспортско однесување.