Реално е да се очекува Македонија оваа година да добие покана за почеток на преговорите за членство во Европската унија, изјави за радиото „Дарик“ бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева.
Таа сепак спомна два услова: Напредок на преговорите за името на земјата и на планот на реформите.
Захариева напомена дека Македонија има статус на кандидат за членство во ЕУ уште од 2005 година, но нејзината политика на нерешавање на проблемите со соседите ја доведоа до тоа, веќе 12 години преговорите да не се почнати.
– Се радувам што Владата во Македонија разбра дека политиката „против“ не е политика на европските вредности, рече Зхариева.