НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Судење „ТНТ“: Груевски, Јанакиески и Трајковски се изјаснија за невини

1
By Нова ТВ on January 24, 2018 ПОЛИТИКА
Архива (Фото сдск.мк)
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Сите седуммина обвинети, меѓу кои и поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, поранешниот министер за траснпорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот градоначалник на општина Гази Баба Тони Трајковски, се изјаснија како невини на денешното прво рочиште за  во предметот „ТНТ“ на СЈО кој се однесува на уривањето на комплексот „Космос“ на бизнисменот и претседател на  Партијата за европска иднина Фијат Цаноски.

Според СЈО, обвинетите во 2011 сториле кривично дело од политичка омраза со уривање на комплексот „Космос“ на нивниот политички противник Фијат Цаноски. Обвинителите истакнаа дека обвинението ќе го докажат преку собраните материјали и докази, како и сведочења на лица и вештаци.  Според СЈО, со постапката на уривање е предизвикана штета од 16 милиони евра, а дополнително на буџетот на општина Гази Баба уште три милиони денари. Цаноски и фирмата ФИМЕТ најавија дека ќе поднесат побарувања за причинетата штета.

Груевски, Јанакиески, Трајковски и останатите четворица обвинети Елизабета Најдовска, Насер Алев, Марика Зафировска и Александра Димитриева, пред судот кажаа дека не се чувствуваат виновни.

Нивните адвокати на почетокот побараа судот да каже дали ги прифаќа аудио материјалите од СЈО, а постапката да не почнува додека тоа не биде одредено, бидејќи не можат да формираат ефективна одбрана зашто не знаат од што треба да се бранат. Судот одговори дека одбраната ќе добие сите материјали и судењето може на почне.

-Наместо со професионални камери кои ќе се во согласност со законската процедура, овде во судница обвинетиот Никола Груевски го снимаат некакви свадбарски камери, рече во судница адвокатот Димитар Дангов.

Судијата Огнен Ставрев ги одби и барањата на адвокатите рочиштето да не се снима визулено и тонски.

Со тоа почна судењето за уривањето на комплексот „Космос“, во сопственост на бизнисменот, Фијат Цановски. Судењето ќе се снима тонски и визуелно.

Советот за оценка на обвинителен акт при Кривичен суд на 17 ноември минатата година го прифати обвинението за случајот „ТНТ“.

Апелацискиот суд на 4 ноември минатата година одлучи прислушуваните разговори во случајот „ТНТ“ за уривањето на комплексот „Космос“ да можат да се користат како докази во судската постапка.

Адвокатите на Груевски исто така имаа забелешки и за снимките од т.н. „бомби“ и ги побараа да им бидат доставени како доказ. Судијата Огнен Ставрев им укажа дека нема ништо да им сокрие и дека ќе им бидат доставени сите докази. Во судница присутни се сите обвинети, како и оштетениот Фијат Цаноски.

Обвинителот од СЈО Бурим Рустеми укажа дека прислушуваните разговори со правосилна судска одлука на Скопска апелација се прогласени за важечки и ќе се користат во целата постапка. Рустеми, во воведниот говор, објасни како првообвинетиот Груевски со второобвинетиот Јанакиески ја договориле целата операција на незаконското уривање, како што рече Рустеми, на комплексот на Цановски.

Во детали тој објасни како првин за да добие воопшто одобрение за градба го уценувале Цановски, а потоа и откако го им го откажал партнерството ја договориле и реализирале акцијата за незаконското уривање, помогнати од тогашниот градоначалник на Гази Баба Тони Трајковски.

На судењето, СЈО најде и незаконитост во експресната тендерска постапка за избор за фирма за уривање на градбата, која што со набавката на експлозив ја има оштетеното Општина Гази Баба за три милиони денари. Неопходноста од оваа јавна набавка, дополни обвинителот Стевчо Донев од СЈO, била затоа што Груевски не бил задоволен од бавното темпо на уривање на објектот со механичкиот метод, со кој што почнала општината.

По воведното обраќање на СЈО, адвокатите побараа пауза, што беше прифатено од судијата.

Предмет ТНТ: „Космос“ срушен за политичка одмазда

Груевски Јанакиески Космос СЈО ТНТ Трајковски Цановски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.