НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Реакции од Брисел: Средбата во Давос е „прозорец на можности“

0
By Нова ТВ on January 25, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на Европската народна партија, најголемата парламентарна група во Европскиот Парламент, Жозеп Дол, во изјава за „Еуроактив“ оцени дека вчерашната средба на премиерите на Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, во Давос, претставува „прозорец на можности“ за решавање на долгогодишниот спор за името.

Фото Дојче Веле

-Се надевам дека ќе се најде заедничко прифатливо решение и ние го поздравуваме овој прозорец на можности што може да доведе до конкретни резултати, вели Дол.

„Еуроактив“ сепак нагласува дека ставот на првиот човек на ЕПП е во спротивност со позицијата на нејзината членка – најголемата грчка опозициска партија Нова демократија, која се противи на начинот на кој грчката Влада ги води преговорите за името на Македонија.

Курт Вокер, поранешниот амбасадор на САД во НАТО, кој сега е вклучен во решавање на конфликтот во Украина, смета дека Русија веројатно сега че се обиде да го запре приклучувањето на Македонија во Алијансата.

Тој притоа го посочува примерот со неуспешниот обид за државен удар во Црна Гора во 2016 година, што според него покажува дека Москва е подготвена да преземе дејства дури и кога тој процес е во подоцнежна фаза.

-Не сум сигурен колку може да се каже дека Русија ќе се согласи за приклучување на Македонија кон НАТО. Имајќи ги предвид сите овие работи, мислам дека тие ќе дејствуваат опортунистички, вели Вокер.

Тој смета дека решавањето на спорот за името меѓу Македонија и Грција ќе доведе до голема стабилизација на Западен Балкан.

– Секако дека сакам да видам напредок во решавањето на спорот со името. Тоа ќе биде во интерес на двете земји. Верувам дека има надеж и оти ќе видиме напредок, нагласи Вокер.

Брисел Жозеп Дол Заев Курт Вокер реакции средба Ципрас
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.