НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Траекторија: Судењето за кинеските провизии почнува од почеток

0
By Нова ТВ on January 31, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во Кривичниот суд денеска се одржува рочиште за предметот „Траекторија“ во кој обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски, екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот директор на Агенцијата за државни патишта, Љупчо Георгиевски.

Судијата Горан Бошевски рече дека судењето почнува од почеток, бидејќи е променет судечкиот совет. На рочиштето присуствуваат Груевски, Јанакиески, Пешевски и Георгиевски.

Адвокатите на рочиштето побараа од СЈО да им ги достави снимените разговори на рака, за како што рекоа, да ги анализираат во изворна форма. Тие не прифаќаат „бомбите“ со прислушуваните разговори да ги преслушуваат во СЈО.

Адвокатот Димитар Дангов рече дека се работи за 315 аудио-снимки, кои се дел од доказниот материјал, кои ги побараа да ги анализираат и преиспитаат.

На денешното рочиште адвокатите ги оспорија и вештачењата за направената штета со изградбата на автопатиштата во износ од 155 милиони евра.

Адвокатот Дончо Наков рече дека вештачењата ги вршела подружница на странско правно лице.  Тој напомена дека барал од министерот за правда писмен документ за тоа кој може да биде вештак и посочи дека само Бирото за судски вештачења може да врши вештачења од ваков вид.

На вештаците Страхил Глигороски и Небојша Арсовски кои се ангажирани за „Траекторија“, како што рече Наков, им биле истечени лиценците.

Обвинителката од СЈО Лиле Стефанова рече дека одбраната истите овие приговори ги поднела кога се ценел обвинителниот акт и додаде дека сега е фаза на судење и нема потреба да од повторување.

– Одбраната имаше и се уште има можност да ги слушне снимките пред тие да бидат дадени како доказ. Свесна сум за обемноста на целокупниот доказен материјал и повеќе пати упатив барање да дојдат и да ги разгледаат доказите. Дел од одбраната тоа го направи, а другиот дел сами одлучуваат како ќе ја подготват својата одбрана, рече Стефанова.

Судијата Бошевски  даде пауза, по која треба да просолжи судењето.

Во „Траекторија“ осомничени се Груевски, Јанакиески, Пешевски и Георгиевски дека во втората половина на 2012 година и во текот на 2013 година презеле повеќе дејствија со кои во постапката за избор на компанија за изградба на автопатите Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид ги искористиле и пречекориле своите овластувања. Со тоа, според СЈО, му нанеле штета на државниот буџет од најмалку 155 милиони евра и за истиот износ на компанијата изведувач и овозможиле да се стекне со имотна корист.

автопати Груевски јанакоески Пешевски судење Траекторија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.