НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нимиц: Атина не го негира идентитетот

30
By Нова ТВ on February 1, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

https://www.facebook.com/NovatvWeb/videos/1017323461751716/

Има разлики меѓу двете земји, но од Атина не слушнав негирање на идентитетот, рече денеска медијаторот во македонско-грчките преговори, Метју Нимиц на заедничка прес-конференција со македонскиот шеф на дипломатијата, Никола Димитров.

-Не наидов на ништо кај грчката страна што го негира идентитетот на народот тука и верувам дека решението кое што е можно е во согласност со заштитата и дури и зајакнување на прашањето за идентитетот. И затоа сум голем оптимист. Има разлики меѓу двете земји, но од Атина не слушнав негирање на идентитетот, рече Нимиц.

Министерот Димитров, одговарајќи на новинарско прашање, потенцираше дека идентитетот не може да биде предмет на преговори, бидејќи така никогаш би немало решение.

-Апсолутно не може да биде предмет на преговори, бидејќи не е предмет на одлука. Ако дојдеме до таа точка, до идентитетот, нема да има решение. Но жално ќе биде ако две европски држави во 21.век ова не го препознаат, истакна Димитров.

Што се однесува до прашањето за јазикот, како што рече Нимиц, некои од тие прашања се предмет на дискусија.

-Во Обединетите Нации се јавуваат прашања како дефиниција на јазикот, како ќе се користи јазикот во меѓународни рамки. Народот е загрижен дека ова е прашање кое го засега идентитетот. Верувам дека идентитетот на народите го дефинираат самите народи. Обединетите Нации работат со државите во однос на тоа како се употребува името на државата, во Обединетите Нации не се расправа за идентитетот, посочи тој.

Медијаторот повтори дека сега е вистински момент за решавање на прашањето за името помеѓу Македонија и Грција, откако, како што рече, ги слушнал мислењата на двете страни, на денешните средби со државните лидери во Скопје и при вчерашната посета на Атина.

-Доаѓам од Атина каде што ги слушнав нивните мислења за прашањето за името, а денеска имав средби и со претседателот Иванов, премиерот Заев и со министерот за надворешни работи Димитров, со чии гледишта се запознав. Не сакам да ги потценам прашањата, ниту мислењата. Но, сега е вистинско време за решавање на спорот и придвижување напред на двете држави во пријателство и меѓусебна соработка, порача Нимиц, додавајќи дека треба да се дејствува брзо, со што во следните неколку месеци ќе се види дали е остварен напредок.

Министерот Димитров рече дека денеска со медијаторот детално разговарале за идеите кои тој ги претстави во последната рунда преговори во Њујорк.

-Разговаравме многу детално и сериозно. Му кажав дека таму имаме идеи кои и не се така лоши, но и дека има идеи кои не се така добри и создаваат загриженост кај нас. Претпоставувам медијаторот ќе каже кои се следните чекори, дополни Министерот.

Тој исто така истакна дека процесот што го помага медијаторот Нимиц е важен за изнаоѓање на достоинствен начин за решавање на спорот, во кој двете страни ќе бидат почитувани, за што постои волја од страна на Македонија.

-Во Европа во 21.век никој не може да го допре нашето право да бидеме Македонци кои зборуваат македонски јазик. За да има решение важен е процесот во кој помага Нимиц, како и да се однесуваме внимателно во јавноста. Но, колку повеќе зборуваме за црвени линии, толку е помал просторот за разговор и за решение кое ќе биде прифатено од граѓаните. Од нашата страна има волја, а се надеваме дека ќе има и од другата страна. Ако има достоинствен начин, со кој двете страни ќе бидат почитувани, ќе го најдеме низ овој процес. Врз основа на тоа што медијаторот го добил во Грција и денес ќе го добие во Македонија ќе видиме како ќе тече процесот, рече Димитров.

Атина Димитров идентите името Нимиц прес конференција решение Скопје
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.