Новинарот Драгаn Павловиќ Латас денеска не се појави во Кривичниот суд, каде што му се суди за даночно затајување во случајот Тотал на СЈО.
На почетокот на рочиштето судијката, Славица Наумова Јосифовска, ја исклучи јавноста поради што новинарите не беа во можност да слушнат што зборуваат внатре.
По кратко време новинарите повторно влегоа во судница, по што судијката појасни дека Латас не е присутен од лични и семејни причини, а за што, како што рече, неговите адвокати Анита Бегова и Снежана Савиќ, доставиле доказ.
Судијката појасни дека доказот е од Универзитетската клиника Келн, издаден на 16-ти јануари годинава.
Следното рочиште е закажано за 31-ти март.