Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Чеферин во Скопје: Македонија има одлична шанса да заигра на ЕП 2020

0
By Нова ТВ on February 15, 2018 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, February 15, 2018 15:58

Александар Чеферин вчера беше во неколкучасовна посета на Скопје. Шест месеци по Суперкупот, првиот човек на УЕФА овојпат ја удостои Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) на отворањето на сместувачкиот капацитет при тренинг центарот „Петар Милошевски“. Словенечкиот правник беше во придружба на легендата на холандскиот, европски и светски фудбал, Марко ван Бастен, кој е технички директор на УЕФА, потоа на Зоран Лаковиќ, директор на одделот за национални асоцијации при УЕФА и на Бјорн Васало, директор на национални селекции во УЕФА.

„Македонија ја збогатува базата за прогрес на фудбалери, Македонија бележи напредок во бројот на терени, Македонија ја развива фудбалската инфраструктура, Македонија исчекори напред со учеството на младата репрезентација на Европското првенство во 2017 година, а Македонија е, конечно, во одлична позиција да избори учество и на сениорското Европско првенство во со 2020 година преку Лигата на нации. Алиби повеќе нема. Му кажав тоа и на Илчо Ѓорѓиоски. УЕФА останува партнер на Македонија“, истакна Чеферин пред присутните за време на денешната свеченост во ФФМ.

Сместувачкиот капацитет во рамки на комплексот „Куќа на фудбалот“ е наменет за учениците од ФФМ/УЕФА елитната Академија, но и за младите национални тимови. Опфаќа 30 двокреветни соби што се целосно опремени за живеење, апартмани за селекторите и нивните соработници, како и заеднички простории – сала за состаноци, училници и заедничка кујна и трпезарија. Содржините по потреба ќе бидат на располагање и на младинските селекции во пресрет на натпреварите.

Фото: ffm.mk

Посетата на високиот гостин од Нион и пуштањето во употреба на сместувачкиот капацитет во ФФМ со свое присуство го збогатија и дел од поранешните македонски репрезентативци Николче Новески, Јане Николоски, Арѓент Беќири, Срѓан Захариевски, Александар Васоски, дел од фудбалските легенди како Вујадин Станојковиќ, Благој Истатов, Кочо Димитровски, Ѓоре Јовановски, градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, потпретседателот на Владата, Кочо Анѓушев, директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, советникот за спорт во македонската Влада, Даниел Димевски, итн.

 

 

 

Александар Чеферин УЕФА фудбал ФФМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 14, 2026

Филипче: Мицкоски ќе го поништуваше Преспанскиот договор па рече дека е ремек-дело на дипломатијата

ВЕСТИ May 14, 2026

 Прес конференција на Претседателот на СДСМ Венко Филипче:

Трамп и Ши три пати беа прашани за Тајван – тие прашањето го игнорираа

May 14, 2026

Иран постави пет услови за нови разговори со САД

May 13, 2026

ЕУ сепак ќе разговара со Путин – се бара посредник засега меѓу Меркел и Макрон

May 11, 2026
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.