НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

На местото на споменикот на Ќосето ќе никне дрво „за човекови права“

2
By Нова ТВ on February 22, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На местото каде што стоеше постамент со спомен обележје на Андон Јанев Ќосето за кој се констатираше дека е дивоградба, ќе биде насадено дрво „за човекови права“ под кое ќе биде изгравиран Членот 10 од Општата повелба за човекови права на Обединетите нации, изјави градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, додавајќи дека повеќе нема да бидат толерирани дивоградбите во главниот град.

Дрвото што ќе биде насадено на местото на постаментот ќе биде набавено од Нинберг и e од видот гинко.

Во врска со тајмингот кога е отстранет споменикот, Шилегов изјави дека тоа е сторено во доцните часови за да не се закочи сообраќајот на улицата, поради трите големи возила што беа донесени за отстранувањето, како и да не се спречи работата на судовите што започнуваат со работа во утринските часови. На забелешките дека споменикот на ист ваков начин и беше поставен од страна на минатата власт, Шилегов рече:

-Постаментот од минатата влада беше поставен „шверцерски“ во раните утрински часови, без никој да види, бидејќи знаеле дека е дивоградба.

Посочи дека споменикот на Ќосето бил однесен во просторите на МЗТ каде градот има закупено простор кога диво биле поставувани дел од спомен обележјата низ градот.

– Таму е оставен и ќе биде повикан донаторот да си го земе во определен рок од 15 до 30 дена. Постаментот е дивоградбата и тој ќе биде урнат. Предмет на истражување на дејствијата кои се преземаат од страна на надлежните органи не е самата статуа туку постапките, процедурите, начинот на кој е дојдено до нивното поставување и евентуалните злоупотреби при таквите постапки, додаде Шилегов.

Споменикот на Ќосето кој на ова место стоеше од септември 2014 година беше отстранет утрово во раните утрински часови по налог на градечениот инспектор од општина Центар. Оттаму соопштија дека соопшти дека по детално испитување на фактичката состојба, нивните надлежни служби донеле решение дека се работи за дивоградба.

При увидот на овластениот градежен инспектор на општина Центар, како што се наведува, е констатирано дека спомен обележјето не е поставено на одобрената микро локација и издаденото решение од страна на град Скопје.

Град Скопје Споменик Ќосето Шилегов
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.