Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Општина Центар: Споменикот на Ќосето беше дивоградба

2
By Нова ТВ on February 22, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, February 22, 2018 12:07

Во врска со отстранувањето на споменикот на Андон Јанев Ќосето од пред Врховниот суд во Скопје, општина Центар денеска соопшти дека по детално испитување на фактичката состојба, нивните надлежни служби донеле решение дека се работи за дивоградба.

При увидот на овластениот градежен инспектор на општина Центар, како што се наведува, е констатирано дека спомен обележјето не е поставено на одобрената микро локација и издаденото решение од страна на град Скопје.

Од општината посочуваат дека одлуката за подигање на спомен обележје на Андон Јанев Ќосето ја донел тогашниот Совет на општина Центар на 28.12.2012 година и тука е направено и основното прекршување на законот, бидејќи во член 1 стои дека одлуката се носи заради одбележување на делото и оддавање почит на македонскиот комита и револуционер од илинденскиот период.

Според Законот за меморијални споменици и спомен-обележја, настаните и личностите што се одбележуваат со меморијален споменик треба да се од исклучително значење за развојот на државноста на Република Македонија и за нејзиниот државно-правен континуитет и да се вградени во историскиот развој на земјата. Меморијален споменик може да подига Собранието на Република Македонија, Советот на општините, на градот Скопје и на општините во градот Скопје за одбележување со спомен-обележја на настани и личности што се од локално значење, донесува програма за одбележување на значајни настани и истакнати личности со спомен-обележја.

Решението за поставување на спомен обележјето на Андон Јанев Ќосето е донесено од поранешниот Совет на град Скопје на седница одржана на 14.07.2014 година, информираат од општина Центар.

Споменикот на Андон Ќосето рано утрово е отстранет и однесен во магацините на Металски завод Тито.

На социјалните мрежи се појавија видеа од неговото отстранување со најразлични коментари, од поддршка до осуда, но и прашањата, зошто отстранувањето е извршено ноќе, на истиот начин како што претходната власт и ги поставуваше. Од Град Скопје најавија дека на ова прашање ќе одговори градоначалникот на Скопје Петре Шилегов. Во меѓувреме за порталот сакамдакажам.мк кусо одговориле дека е за да не се загрози безбедноста во сообраќајот.

Споменикот на Андон Ќосето, кој од септември 2014 година се наоѓаше пред судовите е отстранет со налог од градежниот инспекторат на општина Центар по извршениот увид и утврдената фактичка состојба дека немало решение за негово поставување.

За поставувањето на споменикот од страна на работна група во Министерството за култура беа утврдени бројни законски прекршувања.

Споменикот на ликот на Андон Јанев-Ќосето, во историјата познат и како ликвидатор во ВМРО беше поставен ноќата меѓу 6 и 7 септември 2014 година е еден од петте споменици на различни локации и е донација од Здружението за духовно обединување на Сетинци, Попадинци и Крушоради од Лерин.

Како што беше објаснето, во чест на одбележувањето на 23 годишнината од независноста на Република Македонија, со „споменици на македонски великани, посветени на Националната борба за независност на Република Македонија“.

Тој е дело од контроверзниот проект „Скопје 2014“ на Владата на Груевски и е поставен во времето на  градоначалникот Коце Трајановски.

И самото Здружение за духовно обединување на Сетинци-Попадинци и Крушоради од Лерин, познато по големите донации на споменици за Скопје, е обвиткано во контроверзи. НОВА пишуваше за тоа дека донациите на ова анономно здружение отворија сомнежи за потеклото на парите со кои што се правеле овие споменици. А се јавија и легитимни прашања – дали ова здружение е вистински претставник на граѓанскиот сектор или само фронт организација зад која се кријат нарачателите на едни од најконтроверзните споменици – политичката партија ВМРО-ДПМНЕ која во тоа време ја имаше власта.

Во ноември лани, новата влада им ги одзеде привилегиите кои што им ги даде Груевски во, според нив, нетранспарентна процедура.

 

Град Скопје Општина Центар Ќосето
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.