НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

По средбата со Заев, Меркел денеска со Ципрас

0
By Нова ТВ on February 23, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Прашањето за името ќе биде на дневниот ред на средбата на грчкиот премиер Алексис Ципрас со германската канцеларка Ангела Меркел што ќе се одржи денеска во Брисел во рамките на неформалната средба на 27-те земји членки на ЕУ, објави грчкото издание „Зунгла“.

Според весникот, како што пренесува МИА, по средбата со македонскиот премиер Зоран Заев Меркел изразила став дека „ситуацијата во Македонија е смирена во голем степен и дека земјата е навлезена во фаза на стабилизација.

Дека прашањето за името било една од темите и на телефонскиот разговор Ципрас – Меркел, ден пред средбата на премиерот Заев со германската канцеларка во Берлин, потврдија и од кабинетот на Ципрас.

Грчката телевизија Скај, повикувајќи се на свои извори, објави дека „Ципрас на Меркел и ја потенцирале потребата за конечно решение во спорот, со промена на уставното име на соседната земја“. Според истите извори, грчкиот премиер и германската канцеларка се договориле да се сретнат во петок во Брисел на неформалниот состанок на лидерите на ЕУ.

Канцеларката Меркел по средбата со Заев во Берлин рече дека спорот меѓу Македонија и Грција за името e досега најблиску до решение, треба да биде затворен, но оти каков било притисок нема да влијае позитивно врз процесот. Напомена дека и двете страни се однесуваат одговорно во обновените преговори и оти и Грција и Македонија знаат што можат да дадат за да се постигне компромис и побара диксреција во процесот.

– Компромисите се секогаш болни, но и неопходни. Тоа е дипломатска уметност и за тоа не треба да се зборува на прес-конференции, туку зад затворени врати. Верувам дека јавните изјави повеќе може да му наштетат, отколку да му користат на процесот, додаде германската канцеларка.

 

Брисел Заев името Меркел преговори Ципрас
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.