НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Орбан доживеа неочекуван пораз на локалните избори

0
By Нова ТВ on February 26, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Владејачката партија на унгарскиот премиер Виктор Орбан, Фидес, доживеа неочекуван пораз на локалните избори во неделата, кога независниот кандидат за градоначалник на  Ходмезовашархеј на југот на земјата, поддржан од опозицијата лесно го победи кандидатот Фидес.

Десничарската националистичка партија на Орбан, Фидес, бара трет последователен мандат на парламентарните избори, спроведувајќи кампања со жестоката анти-имигрантска порака, заедно ветувањата за зголемување на платите и на пензиите.

Но, прелиминарните резултати покажаа дека Питер Марки-Зај, кој важи за политички почетник, го победи Золтан Хедедус со 57,5 ​​отсто од гласовите наспроти 41,6 отсто, во градот кој важи за упориште на партијата Фидес.

-Новата ера започна денеска, рече Марки Зај на прес конференција, додавајќи дека анкетите за јавното мислење што покажуваат доминантно водство на Фидес “може да бидат фрлени во корпата за отпадоци”.

Исходот од овие избори, на шест недели пред парламентарните избори, оценува Ројтерс, е голем пораз за партијата на Орбан. Ходмезовашархеј е родното место на Јанош Лазар, шеф на кабинет на Орбан, кој лично ја водеше кампањата на Хегедус.

Сепак, Фидес на Орбан се уште е голем фаворит на изборите на 8-ми април, но политичките аналитичари сметаат дека резултатите од неделата би можеле да ја променат динамиката во опозицијата, која досега се бореше да се справи со сериозен предизвик.

-Овој резултат има големо психолошко значење, изјави политичкиот аналитичар Роберт Ласло, додавајќи дека тоа покажува дека Фидес може да биде победена дури и на ваков начин и резултатот „би можел да ги поттикне опозициските партии да ги преиспитаат своите стратегии”.

Марки-Зај настапи како независен, но беше поддржан од социјалистите, радикалниот националист Јобик, главната опозициска партија, како и мала либерална партија ЛПМ.

Одѕивот од 62,4 отсто е повисок од очекуваното, и го надмина оној од 58,8 отсто на претходните парламентарни избори пред четири години.

 

локални избори Орбан пораз
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.