Шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас синоќа на вонреден состанок на Владата во Атина ги претставил клучните аспекти од нацрт-договорот за решавање на спорот со името, во кој наводно се додадени нови елементи, пишува грчкиот весник „Иефимерида“.
Според последните информации, Коѕиас следната недела би можел со документот да допатува во Скопје.
Грчката страна, како што наведува весникот, во меѓувреме сака да спречи делови од документот да протечат во јавноста, како и да избегне дипломатските консултации да се префрлат на насловните страници во медиумите.
За таа цел, Коѕиас лично ќе му го достави грчкиот нацрт-договор на шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров.
Главна пречка, наведува „Иефимерида“, останува барањето за промена на македонскиот Устав како гаранција на договорот за името.