НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ѕанакопулос: Преговорите продолжуваат во позитивен ритам

0
By Нова ТВ on March 15, 2018 ПОЛИТИКА
Димитрис Ѕанакопулос
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Портпаролот на грчката Влада Димитрис Ѕанакопулос на денешниот брифинг оцени дека преговорите за името продолжуваат со интензивен ритам.

-Можам јасно да кажам дека во овој момент чекориме по еден доста позитивен пат, изјавил тој, пренесува МИА.

Ѕанакопулос исто така рекол дека нацрт спогодбата ја разработува грчкото МНР, а набрзо е планирана посета на шефот на дипломатијата Никос Коѕијас на Скопје. Сепак, тој не го откри конкретниот датум, велејќи дека тоа ќе го соопшти грчкото МНР.

– Позицијата на грчката влада е сложено име, ерга омнес, за севкупна употреба. Што значи тоа? Дека е потребна уставна ревизија за да можеме да стигнеме до заемно прифатливо и одржливо решение. Уставната ревизија ќе се однесува и на името, но веројатно и на иредентистичките позиции што се вклучени во Уставот на соседот. Но, ова се прашања што ќе се решат за време на преговорите, преговори кои јасно е дека ќе завршат со еден Меѓународен договор, бидејќи говориме за договор меѓу две независни држави, рече портпаролот на грчката Влада.

Ѕанакопулос, на денешниот брифинг, упати остри критики до лидерот на опозициската Нова демократија, Киријакос Мицотакис, меѓу другото и за ставовите за прашањето за името. Смета дека изразените ставови при вчерашниот говор во Центарот за стратешки и меѓународни студии во Вашингтон се различни и контрадикторни од оние што Мицотакис ги има во Грција.

Лидерот на грчката опозициска партија, како што објави МИА, говореше за грчката надворешна политика и прашањето за името во Центарот за стратешки и меѓународни студии во Вашингтон. Во однос на преговорите за името објасни дека македонската Влада е отворена за компромис, а ги повтори и позициите на Нова демократија за „пакет решение што ќе вклучува уставни промени и решавање на прашањата за идентитетот и иредентизмот“.

Весникот Катимерини денеска пишува дека „посетата на грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас на Скопје, што веројатно ќе се случи на 22 и 23 март, доаѓа во период на зголемени политички тензии по вчерашните случувања во Собранието во врска со донесувањето на Законот за јазиците“.

– Министерот за надворешни работи Никос Коѕијас ќе оствари официјална посета на Скопје во период кога во соседната земја постојат тензии, како што се покажа вчера, за време на гласањето на новиот закон за употреба на малцински јазици во ПЈРМ, наведува „Катимерини“ и додава дека посетата, освен високата симболика, се очекува да донесе и суштински напредок.

Ѕанакопулос Катимерини Коѕијас посета преговори
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.