НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Притворените за 27 април ги дадоа пасошите како гаранција во Врховен

4
By Нова ТВ on March 20, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претставникот на Јавното обвинителство Анита Тополова Исајловска денеска до Врховниот суд достави предлог со кој  бара влијанието врз сведоци и повторувањето на делото да не бидат земени како основа за продолжување на притворот и на куќниот притвор на дел од сомничените за насилствата во Собранието од 27 ми април, бидејќи истрагата веќе е завршена.

Сепак, обвинителката во своето обраќање пред судот наведе дека и натаму како основ за притвор останува опасноста од бегство и побара судот да ја отфрли жалбата и да им ги продолжи притворите.

Адвокатите од друга страна се согласија со предлогот на обвинителството, но во своите обраќања до судот тврдеа дека притворот треба да се укине, бидејќи опасноста од бегство е неоснована. Безмалку сите адвокати во својата аргументација се осврнаа на решението на Апелациониот суд на кое се жалат, а за кое рекоа дека е паушално па дури и незаконитио и дека е спротивно на праксата на Европскиот суд за човекови права.

Адвокатот на поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков, Сашко Дукоски рече дека  не може во  решение на суд да не бидат образложени причините поради кои се одредува притвор со што, како што поочи,  се крши начелото за презумција на невиност, а притворот станува казна без правосилна пресуда. Адвокатите посочија дека во решението судот не ги образложил околностите за секој осомничен поединечно туку донел генерална одлука за сите.

Адвокатите, но и самите осомничени кои добија можност да се обратат до судот побараа мерката притвор да им биде заменета со мерки за претпазливот или со куќен притвор, а како гаранција дел од нив ги понудија и своите пасоши. Дипломатските и личните пасоши ги остави пратеникот Сашо Василевски и Горан Ѓошески, шеф на обезбедување на поранешниот претседател на Собранието Трајко Велјановски.

Мукоски, Чавков, Василевски пред судот рекоа дека воопшто немаат намера да бегаат, туку напротив сакаат активно да учествуваат во натамошната постапка за да ја докажат својата невиност за тешкото кривично дело кое им се става на товар.

„Немам црна дамка во својата кариера. 40 години работам во МВР, од кои 20 години сум на високи позици, немам црна дамка, сум бил наградуван од сите досегашни влади. Не постојат основи на сомение за кривичното дело кое ми се става на товар. Сега сум пензионер , но со оглед на околностите ке морам да ја продолжам мојата правна борба, но во една друга постапка за докажување на мојата невиноста

Пратеникот Крсто Мукоски се пожали на лошите услови во истражниот затвор Шутка . Кажа дека сериозно му е нарушена здравствената и психичката состојба и дека доколку продолжи притворот нема да биде во можност  да учествува во натамошната постапка. Тој рече дека ќе му биде потребен период на опоравување за да може да продолжи со пратеничката функција.

Се очекува Врховниот суд да ги разгледа жалбите и да донесе одлука во наредните два дена.

Одлуката ќе ја донесе Кривичниот совет на Врховниот суд со кој претседава Јово Вангеловски, а во чиј состав се и судиите  Ристо Катавеновски, Шпенд Деваја, Џемаили Саити и Рахилка Стојковска.

 

 

 

 

адвокати Врховен суд жалби Мукоски Чавков
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.