Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ОН до Анкара: Укинете ја вонредната состојба,се кршат човековите права

0
By Нова ТВ on March 21, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, March 21, 2018 09:28

Обединетите нации денеска ја повикаа Турција да ја укине вонредната состојба во земјата, воведена по неуспешниот обид за воен удар во јули 2016 година.

Канцеларијата на ОН за човекови права оценува дека вонредната состојба довела до масовно кршење на човековите права, вклучувајќи и апсење на 160.000 луѓе и речиси исто толку државни службеници.

– Турција треба веднаш да ја укине вонредната состојба и да го врати нормалното функционирање на институциите и владеењето на правото, се наведува во соопштението.

Канцеларијата на високиот комесар за човекови права на ОН, Зеид Раад Ал Хусеин оценува дека бројот на уапсени или киднапирани луѓе во Турција е „едноставно запрепастувачки“.

Во текот на изминатите 18 месеци речиси 160.000 лица се уапсени, а 152.000 државни службеници се отпуштени од работа, „многумина целосно произволно“, се вели во соопштението.

Канцеларијата оценува дека масовните отпуштања на наставниците и претставниците на академските кругови обвинети дека се поврзани со исламскиот проповедник Фетулах Гулен, „сериозно влијаеја врз образовниот сектор и соодветното право на образование“.

Според податоците, во Турција биле уапсени 570 адвокати, а 1.719 институции и 166 медиуми биле затворени.

По соопштението на Канцеларијата на високиот комесар за човекови права, реагираше Турција која оцени дека изнесените тврдења се неосновани.

– Извештајот содржи неосновани тврдења во согласност со пропагандните напори на терористичките организации, се наведува во изјавата на турското Министерство за надворешни работи.

Инаку, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган прогласи вонредна состојба по неуспешниот обид од воен удар во јули 2016 година, која потоа во неколку наврати беше продолжувана.

апсења вонредна состојба државен удар ОН Турција човекови права
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
shortcut
ФОКУС
June 27, 2026

Каракас: Расте бројот на жртви од земјотресите во Венецуела – досега се евидентирани над 1.000 но над 50.000 граѓани се водат за исчезнати

ВЕСТИ June 27, 2026

Спасувачките екипи и натаму трагаат по преживеани под урнатините по двата силни земјотреси што ја…

САД извршија нови напади врз Иран

June 26, 2026

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

June 25, 2026

Каракас: Разорен земјотрес – загинати и повредени во Венецуела

June 25, 2026
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.