НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фејсбук отфрла вина – шокирани од злоупотребата на Кембриџ аналитика

0
By Нова ТВ on March 21, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Социјалната мрежа Фејсбук соопшти дека се шокирани што се измамени со употребата на податоци од своите корисници од компанијата Кембриџ Аналитика истакнувајќи дека ја разбираат сериозноста на проблемот.

Во соопштението Фејсбук истакнува дека компанијата е одлучна строго да ја примени својата политика за да ги заштити приватните информации и дека ги презема сите расположливи мерки за ефикасно спроведување.

Портпаролот на Фејсбук изјави дека раководителите на групата цело време работат на тоа да дојдат до сите податоци и да преземат потребни мерки бидејќи ја разбираат сериозноста и значењето на проблемот.

Кембриџ Аналитика е обвинета дека нелегално дошла до податоци на корисниците на Фејсбук. Оваа компанија која има канцеларии во Велика Британија и САД обвинета е дека на недозволен начин користела лични податоци на повеќе од 50 милиони корисници на Фејсбук без нивна согласност, за да му помогне на Трамп да победи на изборите во 2016.

Компанијата вчера соопшти дека Одборот го суспендира извршниот директор Александар Никс со непосреден ефект, во очекување на целосна независна истрага.

Постои ли врска помеѓу Кембриџ Аналитика и Русија

Се проценува дека Фејсбук како компанија загубила околу 37 милијарди долари по скандалот со протекување на личните податоци на повеќе од 50 милиони корисници.

Тоа ги исплаши инвеститорите па вредноста на акциите на Фејсбук паднаа околу седум проценти, објави Си- Ен- Ен.

Извршниот директор и основач на Фејсбук Марк Цукерберг претрпе загуба од четири милијарди долари.

Падот на вредноста на акциите уследи откако американските официјални лица повикаа за истрага поради тоа што личните податоци на 50 милиони луѓе од Фејсбук се земени и злоупотребени без одобрување.

измама Кембриџ аналитика Трамп Фејсбук
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.