НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тереза Меј: Руска агресија во Европа и на Балканот

0
By Нова ТВ on March 22, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Британската премиерка Тереза Меј непосредно пред почетокот на самитот на шефовите на држави и влади во Брисел порача дека ќе ги предупреди европските партнери, како што ја нарече, руската агресија во Европа и пошироко, јавува дописничката на МИА од Брисел.

Меј одби да одговори дали од партнерите ќе бара дополнителни санкции против Русија по убиството на рускиот двоен шпион Сергеј Скрипал, но уште еднаш најстрого го осуди овој чин.

– Ќе зборувам за Солсбери, но не само за тоа. Ова е шема на руска агресија која ја наоѓаме од Западниот Балкан до Блискиот Исток, изјави Меј.

Судејќи по последниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ на кој се разговараше за руската закана, се очекува Грција да биде меѓу „најмеките“ држави кон Русија.

– Треба да ја изразиме нашата солидарност со Велика Британија и британскиот народ, но во истовреме треба и да го истражиме случајот, мораме да бидеме многу одговорни, изјави Ципрас при пристигнувањето на самитот, алудирајќи на вмешаноста на Русија во убиството на Скрипал.

Дипломатски извори брифираат дека во замена за грчката поддршка околу „построгиот“ речник кон Русија, Грција за сега добила од европските партнери силна осуда кон Турција.

Имено, во нацрт заклучоците објавени од неколку медиуми меѓу кои и „Катимерини“ се посочува дека ЕУ „силно ги осудува постојаните нелегални активности на Турција во источниот Медитеран и Егејското Море. Европскиот Совет бара итно Турција да ги прекине овие активности.“

ЕУ лидерите изразуваат и целосна поддршка со Грција и Кипар, се посочува во нацрт заклучоците.

Грчките медиуми јавија дека Ципрас ќе има трилатерални средби со Тереза Меј, францускиот претседател Емануел Макрон, како и германската канцеларка Ангела Меркел со кои ќе разговара за Турција и Кипар, но и за прашањето со името.

агресија балкан ЕУ самит Русија Сергеј Скрипал Солсбери Тереза Меј
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.