НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Симовски: Пописот би се одржал во 2020 година

1
By Нова ТВ on March 22, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пописот веројатно ќе се одржи во 2020-та година. Тоа ќе биде во согласност со меѓународните препораки да се одбере година што завршува на нула или на еден и со напорите да се избегне политизација, со оглед дека 2019 и 2021-ва се изборни години, вели директорот на Заводот за статистика Апостол Симовски.

Тој вели дека нема да се дозволи политизација, бидејќи како што истакнува пописот во 2011 пропаднал токму заради политиката која влегла на голема врата со формирањето државна пописна комисија.

Симовски мисли дека нема потреба населението да се попишува според етничката припадност. Според препораките на Обединетите нации, вели тој, ова влегува во категоријата споредни белези, се прибира главно на Балканот и се користи само за политички цели.

Според него Владата и од Собранието до крајот на годината треба да го донесат законот, по што ќе почнат технички и технолошки подготовки, набавка на 6 илјади компјутери, апликации и друго. Се планира пописот да чини околу 8 и пол милиони евра, за разлика од пропаднатиот попис проценет на 14 милиони. Освен анкетите лице в лице, ќе се користат регистрите на другите институции, а сите податоци наместо на хартиени обрасци ќе се внесуваат во компјутер.

За резултатите нема да се чека година и половина, бидејќи ќе бидат готови за само три месеци. Во 2019 се планира пробен попис во неколку пилот општини.

Изјавата на Симовски доаѓа ден откако СЈО објави истрага под кодно име „Попис“, каде осомничени се поранешниот претседател на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски и актуелниот лидер на ДУИ Али Ахмети, за кои според прислушуваните разговори постои основано сомневање дека  во октомври 2011 ја злоупотребиле службената  положба и овластување за да го прекинат започнатиот попис.

-Во 2011 јас бев член на Државната пописна комисија и бев сведок на сето тоа што се случуваше таму и на непропорционалното имплементирање на методологијата за попишување на населението, посебно од Државниот завод за статистика, како и пописната комисија на терен и на централно ниво. Пописот не е пропаднат, туку е прекинат со одлука на Собранието и со волјата на пратениците избрани од народот. По предлог на Владата, пратениците изгласаа закон за прекин на пописот, тоа е процесот, така се случи, тоа беше направено пред очите на целата јавност во 2011 година, изјави Груби.

За вечерва е закажана седница на Централното претседателство на ДУИ, на која би се разговрало за имплементацијата на партиската програма во владината политика, иако не се исклучува можноста да стане збор и за оваа истрага.

Екс премиерот и лидер на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски вчера изјави дека не бил вклучен во постапката за пописот и ги негираше обвинувањата.

-Во спроведувањето на пописот имаше Државна комисија која си ја работеше својата работа и цврсто верувам дека тоа го правеше одговорно и професионално. Сите и во политиката и граѓаните следевме што се случува и бевме загрижени да не има некакви проблеми, но одлуките си ги носеа тие. Ние само можевме да следиме. Ова го сметам како обид на СЈО да го дефокусира вниманието на јавноста од она што се случува во земјата, рече Груевски.

Апостол СИмовски Ахмети Груби Груевски Завод за статистика попис СЈО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.