НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонија ќе протера руски дипломат, Москва се закани со последици

1
By Нова ТВ on March 27, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерството за надворешни работи вчера соопшти дека протерува еден дипломат на Руската Федерација, поради случајот Скрипал, со што стана дел од повеќето земји кои на ваков начин реагираа на скандалот во Британија, кој доведе со прекинување на дел од британско – руските односи.

– Министерството за надворешни работи објавува дека во тесна консултација со нашите сојузници и партнери од ЕУ и НАТО и во солидарност со Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, одлучи да протера еден дипломат на Руската Федерација во Република Македонија заради случајот Скрипал, во согласност со член 9 од Виенската конвенција за дипломатски односи од 1961 година, соопшти МНР.

Нелегалното користење воено хемиско оружје е спротивно со меѓународното право и тоа влијае на безбедноста на сите земји, се додава во соопштението.

Ова го потврди и министерот Никола Димитров на неговиот профил на Твитер.

-Ги известивме руските власти за нашата одлука да протераме еден руски дипломат, во тесна консултација со нашите партнери и сојузници, во целосна солидарност со Велика Британија, како и да ги заштитиме сопствените безбедносни интереси на Македонија, напиша Димитров.

Руската амбасада во Скопје веднаш реагираше и тоа на Твитер.

– Владата донесе одлука да протера руски дипломат. Целосна одговорност за последиците од оваа провокација и исклучително непријателски чин без преседан во руско-македонските односи ќе ја носи македонската страна, објави руската амбасада на Твитер.

За разлика од руската осуда на ваквиот потег, британскиот амбасадор во Македонија Чарлс Гарет синоќа ја поздрави одлуката.

-Ја поздравувам одлуката на Македонија, како дел од една исклучителна, обединета акција од меѓународната заедница против рускиот напад со нервен гас на британско тло. Моќен израз на солидарност, напиша амбасадорот Гарет на Твитер.

Првиот министер за надворешни работи на Република Македонија, професор Денко Малески, синоќа во Ноќно студио на Телма рече дека руското поведение ја турка Македонија во сојузот со другите западни демократии и Македонија мора да земе страна.

– Добро е што македонската политика застанува рамо до рамо со Велика Британија, со Холандија, со Данска, со Шведска, со Белгија и сите други 15 земји членки на ЕУ. И кажува дека ние сакаме да бидеме дел од демократиите. Проблемот што Русија го има со големите партнери не може да го решава преку грбот на мали држави, како што е Македонија, изјави Малески.

Во однос на можните реакциите од Русија, Малески рече дека да се покажува сила врз една мала земја како Македонија е надвор од разумот.

– Ова е голема игра што се одвива на меѓународната сцена, каде што влоговите се многу поголеми од значењето на Македонија. Македонија мора да земе страна. Практично руското поведение ја турка Македонија во сојузот со другите западни демократии, изјави Малески.

За случајот Скрипал од 14 земји членки на Европската унија ќе бидат протерани најмалку 30 руски дипломати, во глобална координирана акција како одговор за Москва поради случајот Скрипал.

Во таа листа, најмногу ќе бидат протерани од Германија, Франција и Полска од каде се очекуваат заминувања на по четири дипломати.

Претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск, информираше дека не се исклучени дополнителни европски мерки, како што се натамошни протерувања дипломати.

Американскиот претседател Доналд Трамп нареди протерување 60 наводни руски шпиони од САД како одговор на труењето на Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија со нервен агенс во британскиот град Солсбери на 4 март. Трамп нареди и затворање на рускиот Конзулат во Сиетл.

Британските власти ја поздравија одлуката на државите за протерување руски дипломати.

– Гледам голема солидарност од нашите пријатели и партнери во Европската унија и во НАТО, САД и други држави… Заедно испраќаме порака дека нема да ги толерираме руските обиди за кршење на меѓународните закони и поткопување на нашите вредности, изјави британската премиерка Тереза Меј во Парламентот.

Руското Министерство за надворешни работи денеска оцени дека протерувањето на руски дипломати од западните држави е „непријателски чекор“ и најави дека ќе реагираат на него.

Листа на земји кои одлучија да се придружат на глобалната координирана акција за протерување руски дипломати:

–          САД – 60

–          Украина – 13

–          Канада – четворица

–          Полска – четворица

–          Франција – четворица

–          Германија – четворица

–          Литванија – тројца

–          Чешка – тројца

–          Холандија – двајца

–          Данска – двајца

–          Шпанија – двајца

–          Италија – двајца

–          Естонија – еден

–          Романија – еден

–          Хрватска – еден

–          Финска – еден

–          Летонија – еден

–          Шведска – еден

–          Албанија – двајца

 

Гарет Димитров МНР протерување Русија Руска Амбасада Скрипал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.