НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Следниот чекор кон решението за спорот е Виена

0
By Нова ТВ on March 27, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Оваа недела се очекува да биде клучна за можно поместување во преговорите за решавање на проблемот со името, со најавената средбата на шефовите на дипломатиите на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, кои на средба во Виена во петок, заедно со посредникот на ОН Метју Нимиц, ќе се обидат да ги најдат допирните точки на двете страни.

На средбата во Виена, на која што ќе присуствуваат и работните групи од двете министерства, ќе се процени досегашниот напредок во преговорите.

Димитров на средбата во Скопје со Коѕијас најави дека по Виена, ќе отпатува за Атина на уште една средба со својот грчки колега. Димитров, инаку, изрази „претпазлив оптимизам“ по средбите со Коѕијас во Скопје.

На досегашните средби грчката страна инсистира на измени во македонскиот Устав, името да биде едно и за внатрешна и за надворешна употреба, но бара и договорот да е со непреведено име, додека „црвената линија“ за македонската страна е идентитетот.

Премиерот Зоран Заев вчера изјави дека на 30 март ќе знаеме во кој правец се движиме во однос на прашањето за името.

– Фокусот е на 30 март кога очекувам суштина во самиот процес на преговорите, затоа што дури и кога стигнуваат текстовите тие се обично форма или рамка. Не може никој да стави нешто внатре додека нема некоја суштина во преговарачкиот процес. Очекувам дека ќе се направи следен чекор којшто ќе биде прифатлив за двете страни, рече Заев.

Во меѓувреме, високи извори од грчкото МНР за „Катимерини“ изјавиле дека патот до решение може уште долго да трае.

– На почетокот постоеше оптимизам дека периодот до Велигден може да доведе до конечен договор, што едноставно ќе се ратификуваше во април или мај, на начин на кој ќе одбереше секоја страна. ПЈРМ сигурно со референдум. Меѓутоа, во пракса разликите се покажаа многу посериозни од тоа што беа оценети на почетокот, не толку многу поради дипломатското растојание, туку поради сериозните политички пречки со кои што се соочуваа и двете влади во претходните месеци“, напиша „Катимерини“.

Заменик министерот за надворешни работи на Грција Јанис Аманатидис, вчера за грчкото радио „Realfm“ изјави дека за одредени прашања има приближувања, за други се уште се преговара, направени се чекори, а позитивно е тоа што има политичка волја.

– Направени се чекори, постои политичка волја и од другата страна и покрај тешкотиите што постојат и во ПЈРМ, за преговорите да одат напред и ова е позитивно, вели заменикот на Коѕијас.

Надеж дека што е можно побргу ќе се најде заемно прифатливо решение за прашањето за името, изрази портпаролот на грчката влада и министер без ресор, Димитрис Ѕанакопулос.

Тој рече дека разговорите во Скопје биле во многу добра клима, но сепак, сѐ уште има долг пат да се помине и потребна е доста работа за постигнување договор. Тој смета дека постојат политички предуслови за решение, но останува да се најдат и техничките предуслови.

Јоргос Кумуцакос, одговорен за надворешна политика во грчката опозициска партија Нова демократија, пак, вели дека „како што преговорите се доближуваат до јадрото на проблемот, се појавуваат пречки и ќорсокак“. Според него, поверојатно е да има комликации, отколку решение. Вели дека прво треба да се види комплетниот предлог за решение, за НД да одлучи дали ќе поддржи евентуално решение во грчкиот Парламент.

Независни Грци не отстапуваат од нивната позиција против употребата на терминот „Македонија“ во името на нашата земја. Ова, уште еднаш го повтори Мадалена Пападопулу, портпаролката на помалиот коалициски партнер во грчката Влада.

Виена Димитров Заев Ѕанакопулос Катимерини Коѕијас Кумуцакос Нимиц Скопје
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.