НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Преговорите продолжуваат по Велигден, можна нова посета на Коѕијас

0
By Нова ТВ on April 3, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Кон средината на идната недела, по велигденските празници,  грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕијас повторно ќе допатува во Скопје, каде што ќе се сретне со министерот  Никола Димитров. Датумот се уште не е утврден прецизно, но посетата е веќе договорена, објави Независен весник, повикувајќи се на дипломатски извори.

Од македонското МНР засега не потврдуваат ваква информација.

И грчките медиуми денеска објавуваат дека шефовите на македонската и на грчката дипломатија на 12 април ќе имаат нова средба повторно во Скопје.

Како што пренесува МИА, грчките медиуми коментираат дека следната седмица ќе биде клучна за преговорите, а во тие рамки ја вклучуваат и новата средба на двајцата министри.

-На 12-ти месецов се очекува да се сретнат во Скопје двајцата министри, според сигурни извори. Да потсетиме дека господинот Коѕијас рече дека на следната средба веројатно и да се направи големиот чекор, објави грчката ТВ Алфа.

Во меѓувреме, од вчера, министрите за надворешни работи на Македонија и Грција започнаа со брифинзите на највисоките државни претставници и партиските лидери за исходот од состанокот, што во петокот во Виена го имаа со медијаторот на Обединетите нации Метју Нимиц.

– Ги знам сите детали и драго ми е што можам да потврдам дека има позитивен исчекор во разговорите. Ако некој ме праша дали сум повеќе или помалку оптимист и позитивен, јас сум повеќе позитивен и поголем оптимист по оваа средба што Димитров ја имаше со Коѕијас во Виена под раководство на посредникот Метју Нимиц, изјави премиерот Зоран Заев по средбата со министерот Димитров.

Заев најави дека лидерска средба на оваа тема е можно да се одржи по велигденските празници.  Заев одговараше на новинарско прашање во врска со најавата на Димитров минатата недела дека по преговорите за името во Виена ќе се одржи состанок на државниот врв и лидерите на најголемите партии.

Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, вчера соопштија дека не добиле официјална покана за средба на лидерот на партијата Христијан Мицкоски со Димитров. Потврда за средба нема ниту од Кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов.

фото: ТВ24

На 27 јануари годинава во Клубот на пратениците се одржа досега единствениот координативен состанок на државно-политичкиот врв во врска со разговорите за името на кој присуствуваа претседателот Ѓорге Иванов, премиерот Зоран Заев, лидерот на ДУИ Али Ахмети и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Мицотакис не сака да разговара со Коѕијас, бара средба со Ципрас

Коѕијас во Грција исто така ги брифираше лидерите на политичките партии за разговорите во Виена.

Речиси два часа траеше средбата на генералниот секретар на Комунистичката партија на Грција Димитрис Куцубас со шефот на грчката дипломатија Коѕијас, со кој всушност почна серијата средби.

За денеска се предвидени разговори со лидерката на ПАСОК и Движење за промена, Фофи Генимата и претседателот на Сојуз на централисти Василис Левендис.

Фото: документо.гр

Најголемата опозициска партија Нова Демократија ќе остане последна за информирање, откако лидерот Кирјакос Мицотакис одби да го прими Коѕијас и побара да биде информиран лично од премиерот, а шефот на грчката дипломатија ќе се сретне со одговорниот за надворешна политика во партијата, Јоргос Кумуцакос.

Кумуцакос, пак, вчера во интервју за грчкиот весник „Елефтерос типос“ изјави дека во разговорите само се потврдува ќор-сокакот.

– Од она што можеме да го знаеме, се покажува дека има сериозна компликација. Во суштина, посетата на Коѕијас на соседната земја, започна и заврши со слетувањето на аеродромот во Скопје. Покрај тоа, лошата и површна јавна изјава на премиерот од Брисел за конкретно име, го „заклучи“ ќор-сокакот што се покажа за време на посетата на Коѕијас, вели Кумуцакос.

Преговорите за името и последната средба во Виена, грчко-турските односи, како и економијата, се очекува да бидат темите на денешната владина седница со која ќе претседава грчкиот премиер Алекис Ципрас.

Како што објави МИА, состанокот е закажан за 11 часот по локално време, а во кусото соопштение од премиерскиот кабинет, не се споменати темите кои што ќе се најдат на масата пред министрите од СИРИЗА и Независни Грци.

ВМРО-ДПМНЕ Димитров Заев Коѕијас лидерска посета Преговори за името Скопје
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

ВЕСТИ August 4, 2025

Во најновите руски напади извршени 405 напади врз 10 населени места во Запорожјето, а три…

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

August 3, 2025

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.