Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас на 12 април доаѓа во уште една посета на земјава, овој пат во Охрид. Коѕијас се очекува да допатува во Охрид од Белград, во рамки на неговата мала балканска турнеја. Од Охрид, тој ќе замине во Приштина.
Ова ќе биде трета средба на министрите за надворешни работи на Македонија и грција, Коѕијас и Никола Димитров за краток период.
На 23 март, Коѕијас беше во прва официјална посета на Македонија, на средби со политичките претставници и релевантните партиски лидери. На прес конференцијата со Димитров, тие истакнаа дека се солжни да го решат спорот што го наслесиле, во интерес на двата народа.
Нивната последна средба беше во Виена минатата седмица, кога Коѕијас изјави: „Се надевам дека на следната средба ќе бидеме подготвени да направиме голем чекор“.
Лидерот на грчката партија Потами (Река) Ставрос Теодоракис по средбата со Коѕијас на почетокот на неделава најави дека доколку има напредок од средбата на 12 април, случајот го премземаат двајцата премиери.