Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кирацовски: Главна цел на насилниците на 27 април беа Заев и Села

1
By Нова ТВ on April 10, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, April 10, 2018 15:58

По претседателот на Собранието Талат Џафери и министерот Дамјан Манчевски, за настаните во законодавниот дом на 27 април лани, попладнево во Кривичниот суд сведочи пратеникот Александар Кирацовски, кој истакна дека по влегувањето на луѓето во Собранието настанал хаос и се слушале пцовки и погрдни зборови упатени кон нив.

– Толпата наликуваше на бесна орда која имаше за цел да убие некого. Не спаси само нашата присебност, обезбедувањето на Оливер Спасовски и Зоран Заев и Господ Бог, рече Кирацовски, одговарајќи на прашање на обвинетиот Дарко Јакимовски.

Тој рече дека луѓето правеле јамки од каблите од микрофоните обидувајќи да уловат некои од пратениците. Според Кирацовски, главна цел биле Зоран Заев и Зијадин Села.

Претходно, Талат Џафери кој беше прв сведок за нападот врз пратеникот и лидер на Алијансата за Албанците Зијадин Села во Парламентот, во судницата препозна пет лица кои учествувале во насилствата во Парламентот на 27 април.

По Џафери, сведочеше министерот за информатичко општество и јавна администрација Дамјан Манчевски, кој истакна дека настаните почнале по завршувањето на прес-конференцијата за изборот на Џафери за претседател на Собранието.

Посочи дека слушнал кршење на стакло по ходниците и доаѓање на луѓе од кои некои со фантомки. Рече дека му бил удрен бокс и дека му бил скршен носот.

– Маваа по нас, некои со раце, некои со сталаци за камери, со столици, со компјутери. Тоа траеше два и пол часа. Села беше на крајната лева страна од групата пратеници кои бевме во ќошот од прес-центарот, кажа Манчевски.

Слушнале извици за закани, дел упатени конкретно за лица по име, а дел генерално за сите. Се слушало „убиј го Села, убиј го Заев, убиј ги предавниците“.

27.април Кирацовски Манчевски обид за убиство на Села сведочење Села џафери
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
shortcut
ФОКУС
June 26, 2026

САД извршија нови напади врз Иран

ВЕСТИ June 26, 2026

Беа погодени ракетени магацини, дронови и радарски локации покрај брегот на Оман, како одговор на…

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

June 25, 2026

Каракас: Разорен земјотрес – загинати и повредени во Венецуела

June 25, 2026

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

June 24, 2026
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.