Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сензација на Рома во ЛШ: „Волчицата“ ја растргна Барселона (Видео)

0
By Нова ТВ on April 10, 2018 СПОРТ
Фото: uefa.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, April 10, 2018 23:38

Рим „гори“. Рома го приреди најголемото изненадување не само во четвртфиналните пресметки туку и во Лигата на шампиони воопшто во оваа сезона. „Волчицата“ успеа да ја анулира негативата од три гола од „Камп Ноу“ и забележа сензационален триумф над Барселона со 3:0 за историско полуфинале во елитното натпреварување на УЕФА.

Серијата голови на „Олимпико“ ја отвори Един Џеко во шестата минута, ја продолжи Даниеле де Роси од пенал во 58. минута, ја затвори Коста Манолас во 82. за ерупцијата на трибините на фудбалскиот храм во Вечниот град.

https://www.youtube.com/watch?v=SNRPjcnnk_E

Пласман во полуфиналето вечерва осигура и Ливерпул чии фудбалери и во реваншот од англиската пресметка во ЛШ го совлада Манчестер сити, овојпат на неговиот „Етихад“, со 2:1 со пресврт во второто полувреме.

Габриел Жезус ги поведе „граѓаните“ во водство со 1:о уште во втората минута, „црвените“ од градот на Битсли возвратија во вториот дел преку Мохамед Салах во 56. минута за Фирмињо во 77. да отстрани секакви дилеми, ако воопшто и постоеја за победникот во двомечот по оние 3:0 од првата средба на „Енфилд“ пред седум дена.

Полуфиналниот квартет во шампионската Лига ќе биде комплетиран утревечер со реваншите меѓу Реал Мадрид и Јувентус на „Сантијаго Бернабеу“ и Баерн Минхен против Севилја на „Алијанц арена“. „Кралевите“ имаат 3:0 од првиот меч во Торино, а Баварците се вратија со триумф од 2:1 од стадионот „Рамон Санчез Пискуан“ во шпанската покраина Андалузија.

Лига на шампиони

Четврт-финале, реванш мечеви

Рома – Барселона 3:0 (1:4)

Манчестер сити – Ливерпул 1:2 (0:3)

Во заграда се резултати од првите мечеви

Барселона Лига на шампиони Рома УЕФА фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.