НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ждрепка за Фајналфор во Будимпешта: Вардарки против Ростов за финале

0
By Нова ТВ on April 17, 2018 СПОРТ
Фото: zrkvardar.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

ЖРК Вардар против Ростов и Ѓер против ЧСМ Букурешт се полуфиналните двојки во ракометната Лига на шампиони. Ова е епилог од ждрепката за Фајналфор турнирот што ќе се одржи на 12-13 мај во Будимпешта. Промоцијата на новиот европски првак ќе биде во „Ласло Пап арена“ во унгарската метропола како што беше случај и во изминатите четири години.

„Не знаеме дали н` лежат. Само двапати имаме играно против нив. Но, знаеме дека имаат добри ракометарки, добри крила, голманки како Пешоа и Седојкина кои бранат во одлична форма. Сериозна екипа и квалитетна екипа во секој случај кој не е залутана на завршниот турнир“, истакна Андреа Пенезиќ која присуствуваше на ждрепката.

Иако рускиот тим од Дон е дебитант во завршниците, а „црвено-црните“ девојки ќе играат по петти пат, сепак, се свесни дека не смеат да го потценат Ростов. Влогот е финале и атак на тронот пришто лани беа запрени од Ѓер со 31:30. Оваа година ситуацијата е сосема поинаква. Македонскиот женски ракометен првак ја игра последната со актуелниот ростер, па оттука и победничките и шампионски желби меѓу ракометарките на Ирина Дибирова за раздолжување на опремата со престижниот трофеј во клупските витрини во СЦ „Јане Сандански“.

„Тоа што Ростов е дебитант не треба ништо да значи. Не треба премногу да размислуваме за нив, треба да се фокусираме на нашата игра, да одиграме цврсто во одбрана. Имаме, речиси, еден месец за подготовки. Ќе следуваат анализи до детаљ за нивната игра и, секако, работа за обезбедување на ново финале“, додаде левиот бек на ЖРК Вардар и на репрезентацијата на Хрватска.

Сатницата за полуфиналните дуели во Будимпешта ќе биде дополнително утврдена. ЖРК Вардар има три бронзени медали и еден сребрен во досегашните четири учества на Фајналфор во шампионската лига на ЕХФ.

Будимпешта Ждрепка ЖРК Вардар Лига на шампиони (ж) ракомет Ростов Фајналфор
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.