Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Макрон: САД и Франција мора да останат во Сирија и по војната

0
By Нова ТВ on April 22, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, April 22, 2018 20:38

Францускиот претседател Емануел Макрон вели дека САД и Франција заедно со нивните сојузници мора да останат во Сирија и по завршувањето на војната за да ја изградат „новата Сирија“.

– Мораме да ја изградиме новата Сирија откако војната ќе заврши, изјави Макрон во интервју за „Фокс њуз“, додавајќи оти американската улога ќе биде многу важна во овој процес.

Макрон вели дека со шефот на Белата куќа има „посебен однос“, бидејќи двајцата се политички „нескротливи“, бидејќи не се дел од класичниот политички систем, а ги поврзува борбата против тероризмот и приврзаноста кон слободата и мирот.

Тој најави дека при посетата на САД, од Конгресот ќе побара поддршка за да се намали влијанието на диктаторите и на непријателските држави.

– Ние имаме посебен однос затоа што двајцата сме веројатно тие кои се нескротливи во системите во двете држави. Мислам дека изборот на претседател на Трамп беше неочекуван во вашата земја, а веројатно и мојот избор беше неочекуван во мојата земја. А ние не сме дел од класичниот политички систем, вели Макрон.

„Фокс њуз“ наведува дека главниот дел на неговата посета на САД, со која се одбележуваат 250 години од американско-француските односи, ќе биде вечерата во Белата куќа, која Трамп ќе ја приреди за Макрон.

Францускиот претседател ќе биде првиот странски државник, кој ќе вечера во резиденцијата на Трамп од неговото доаѓање на власт во САД.

За време на посетата на САД, Макрон ќе му подари на Трамп даб, како симбол на силните врски меѓу двете земји, соопшти телевизијата „Фокс њуз“

Станува збор за северен француски даб, за кој Макрон се надева дека ќе биде засаден во паркот на Белата куќа, како симбол на ова силно пријателство, изјави новинарот Крис Валас, кој го интервјуираше Макрон во Елисејската палата.

Макрон од утре ќе биде во тридневна посета на САД.

Макрон САД Сирија Трамп Франција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 15, 2026

Иранските медиуми објавија детали од договорот меѓу САД и Иран

ВЕСТИ June 15, 2026

Иранските државни медиуми објавија нацрт-договор од 14 точки, иако ниту една страна официјално не го…

Иран поделен за договорот со САД – протести, обвинувања за капитулација

June 14, 2026

Трамп: Утре ќе потпишеме договор со Иран, Ормутскиот теснец повторно ќе биде отворен

June 13, 2026

Трамп: Не знам дали слушнавте – денеска ја завршивме војната со Иран

June 12, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.