Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Чавков излегува од притвор, судот му ја прифати гаранцијата во имот

0
By Нова ТВ on April 23, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, April 23, 2018 16:04

Поранешниот министер за внатрешни работи и директор на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков излегува од притвор, откако судот му ја прифатил понудената гаранција во недвижен имот.

Кривичниот суд во Скопје денеска соопшти дека го прифатил предлогот на обраната на Чавков притворот да му се замени со гаранција.

Чавков е еден од 28 обвинети за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста во врска со насилствата во Собранието од 27 април, минатата година.

„Кривичниот совет на одделението за гонење организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи по предлог на одбраната на М.Ч. опфатен во обвинителниот акт поврзан со настаните од 27 април 2017 година, во Собранието на Р.Македонија, донесе решение со кое го прифати предлогот за определување мерка за обезбедување присуство – гаранција во недвижен имот со кое по правосилноста на решението и запишување на гаранцијата, мерката притвор ќе се укине“, стои во соопштението на судот.

Во меѓувреме заради обезбедување на присуство во текот на постапката на Чавков му се определуваат мерки за претпазливост, односно привремено одземање на пасошот и еднаш неделно да се јавува во судот.

Чавков и претходно бараше да му се замени притворот со гаранција, но Апелацискиот суд го одби предлогот поради некомплетна документација.

Mинатата недела судот ги прифати гаранциите и на Горан Ѓошевски. поранешниот шеф на обезбедување на Трајко Вељаноски и Оливер Поповски од МВР, кои исто така беа во притвор како обвинети за „крвавиот четврток“.

Чавков, Ѓошевски, Поповски и нивниот колега од МВР, Душко Лазаров во „Шутка“, на 28 март, еден ден по поднесувањето на обвинението за „крвавиот четврток“ беа вратени во „Шутка, откако претходно Врховниот суд, одлучувајќи по нивните жалби им одреди куќен притвор.

27.април гаранција Кривичен суд Митко Чавков обвинет притвор
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
shortcut
ФОКУС
June 30, 2026

Македонското знаме високо на светската велосипедска сцена – Дуња Иванова 33-та во светот

ВЕСТИ June 30, 2026

Македонската репрезентативка, членка на Велосипедскиот клуб „Енерџи“ и актуелна државна шампионка во планински велосипедизам, Дуња…

Каракас: Мајка и нејзиното бебе старо 18 дена извлечени од урнатините

June 29, 2026

Иранската револуционерна гарда ги нападна Бахреин и Кувајт како одговор на нападите на САД

June 28, 2026

САД започнаа нова воена операција против Иран

June 28, 2026
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.