Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Уште еден обвинет за насилството од 27 април излегува од притвор

0
By Нова ТВ on May 2, 2018 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, May 2, 2018 16:22

Кривичниот совет на Одделението за гонење организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 ја прифати гаранцијата во недвижен имот  на обвинетиот Душко Лазаров екс началник во одделението за Јавен ред и мир за настаните во Собранието од 27 април и му го укина притворот. Судот на Лазаров му определи мерки за претпазливост, привремено одземање на патната исправа и обврска на обвинетиот да се јавува кај службено лице во Судот.

За обвинетиот Митко Пешов, поранешен началник на одделението за специјални полициски операции, Судот не го прифати предлогот за укинување на мерката притвор и замена за куќен притвор со прифаќање гаранција.

„Кривичниот совет на Одделението за гонење организиран криминал и  корупција при Основниот суд Скопје 1, постапувајќи по предлог на одбраната на Д.Л. и М.П. опфатени со обвинителниот акт поврзан со настаните од 27 април 2017 година во Собранието на Република Македонија за укинување на мерката притвор, Советот донесе решение со кое за обвинетиот Д.Л. го прифати предлогот за определување мерка за обезбедување присуство – гаранција со кое решение по правосилноста и запишување на гаранцијата во катастар, мерката притвор се укинува, а дополнително се определуваат и мерки за претпазливост, односно привремено одземање на патнатата и друга исправа за преминување на државната граница и обврска на обвинетиот да се јавува на службено лице во Судот“ соопштија од Кривичниот суд.

Против овие решенија странките имаат право на жалба преку Кривичниот суд до скопскиот Апелациски суд.

Пред два дена  од притвор беше пуштен и поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков, кој понуди гаранција во недвижен имот од 600 000 евра.

На 20 април од  притвор излегоа и Горан Ѓошевски поранешниот шеф на обезбедување на Трајко Вељаноски и Оливер Поповски од МВР, кои исто така понудија гаранција и на кои им беа одредени мерки на претпазливост. Од притвор излезе и обвинетиот Захарие Симовски, на кого судот му одреди куќен притвор.

27.април гаранција недвижен имот ослободени притвор
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 1, 2026Updated:May 2, 2026

103-ка

ВЕСТИ May 1, 2026

На денешен ден пред 35 години, на 1-ви мај 1991, точно во 06:00 часот, во…

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026

„Не се молиме“ – првомајски протест на ССМ за повисока минимална плата

May 1, 2026

ССМ: Отворено писмо до работниците – Да живее Први мај / Работнички протест Работнички дом 1-ви мај, петок,11 часот

April 30, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.