НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Париз-Хаг: “Не” за преговори со Скопје и Тирана овој јуни

4
By Нова ТВ on May 26, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Франција и Холандија се противат на старт на преговори за членство со Македонија и Албанија на јунскиот самит на ЕУ. Овој став е запишан во заеднички документ на двете земји испратен на 12 мај годинава пред самитот со Западниот Балкан во Софија а објавен денес од Макфакс. Париз и Хаг ја имаат и поддршката на Белгија и Луксембург во овој став.

Има две причини за оваа позиција на земјите основачи на ЕУ.

Пред се, Македонија е на самиот почеток на реформите запишани во Итните реформски приоритети.

Втората причина се европските избори закажани за крајот на мај 2019 година. Според интерен документ на Европскиот парламент, на овие избори се очекува голем пробив на евроскептичните партии па оттука и колебањето на земјите основачи на ЕУ за почеток на преговори со земјите кандидати.

Во документот на Париз и Хаг се прецизира дека во Македонија има “вистински промени во општата атмосфера во земјата” по доаѓањето на владата на Заев но дека нема “јасен суштински напредок во спроведувањето на Итните реформски приоритети”.

“Имплементацијата на новите судски реформи само што започна и треба долгорочен напредок и континуирана промена во однесувањето. Неопходни се повеќе напори за да се обезбеди регрутација врз основа на заслуги и деполитицизација на јавната администрација (заробена држава). Борбата против корупцијата и организираниот криминал се уште не даде задоволувачки резултати: и покрај поставената правна и институционалната рамка, корупцијата преовладува во многу области и продолжува да биде сериозен проблем, додека пак капацитетот на институциите за ефективно справување со корупцијата покажува структурни и оперативни недостатоци, меѓу кои е и политичкото мешање“, вели француско-холандскиот документ.

Внатрешни ЕУ реформи

Потоа документот зборува за внатрешните проблеми на ЕУ и потребата од зајакнување на капацитетот на ЕУ на внатрешен план пред да се тргне во ново проширување:

“Советот секоја година потврдува во заклучоците за проширувањето: капацитетот на ЕУ, во сите свои димензии, да интегрира нови членки мора да се земе во предвид пред да се донесат било какви одлуки во врска со проширувањето. Во Страгегијата објавена на 6 февруари, самата Комисија напиша дека нашата Унија мора да биде “посилна и поцврста, пред да стане поголема“.

ЕУ минува во моментов низ многу чувствителна фаза на реформи за зачувување и оживување на проектот на кој земјите кандидати имаат намера да му се придружат еден ден. Ние мораме да размислиме пред следните европски избори околу стратешката агенда за новиот период што почнува во пролетта 2019 година за да стане појасно што 27 земји членки сакаат во иднина”, објаснуваат Париз и Хаг.

Понатаму тие додаваат дека во овие услови тие сметаат дека “условите за отворање преговори со ПРЈМ и Албанија не се исполнети”. И велат дека на овие земји треба силно да им се потврди европската перспектива и да им се даде сета помош за целосна подготовка за членство а преговорите да се започнат штом двете земји бидат подготвени.

Сепак, треба да се знае дека евентуалното решавање на спорот со името ќе донесе многу позитивни поени за Македонија па одбивање за старт на преговори за членство нема да биде толку суво и отсечно како што тоа стои во документот. Во таков случај на Македонија ќе добие охрабрување, најверојатно во форма на “скрининг”, во очекување на вистинскиот почеток на преговори.

Реакција на македонската влада

Сето ова не би требало да биде изненадување за Македонија и Албанија. Францускиот претседател Емануел Макрон неодамна, во два наврати, во Стразбург и на самитот во Софија, прецизираше дека ново проширување на ЕУ не треба да се случи пред да се зајакне ЕУ на внатрешен план, поради европските избори и излегувањето на Велика Британија од ЕУ.

Македонската влада смета дека земјата е на вистинскиот пат и дека реформите “се признаени и препознаени од цела Европа и од сите земји членки на ЕУ”:

“Мнозинството земји членки на ЕУ поддржуваат почеток на преговорите со Македонија, после решавање на спорот со Грција. Од друга страна факт е дека постои дебата во ЕУ околу подготвеноста за ново проширување. Суштинските и коренити промени во земјата градат силни и услужни институции, праведна држава и силна економија за подобар живот на сите граѓани. Македонија е на вистинскиот пат, а темелните реформи се признаени и препознаени од цела Европа и од сите земји членки на ЕУ. Сите земји членки на ЕУ сметаат дека Македонија треба да продолжи по овој пат и да го интензивира прогресот. (За тоа говори и најновата оценка на Европската Комисија со која Македонија е оценета за најдобра во регионот на Западниот Балкан и Турција за спроведување на препораките во економската програма за реформи.) Македонија после решавање на спорот околу името веднаш ќе стане членка на НАТО и со тоа уште позабрзано и поодлучно ќе ги отвори портите на ЕУ”.

 

Албанија ЕУ ЕУ избори Македонија преговори за членство реформи Франција Холандија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.