Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Напред, напред Вардаре:Преку Монпелје по ново финале во ракометната ЛШ

0
By Нова ТВ on May 26, 2018 СПОРТ
Фото: rkvardar.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, May 26, 2018 13:56

Монпелје испречен пред Вардар на патот кон ново финале што ќе значи и прилика за одбрана на титулата во ракометната Лига на шампиони (ЛШ). Мечот меѓу македонскиот и европски првак и предизвикувачот од Франција е попладнево (18 ч.) во „Ланксес арена“ во Келн во која, пак, од 15.15 часот ќе се пресметаат ПСЖ (лански финалист) и дебитантот на завршните турнири, Нант на Кире Лазаров.

„Шампиони сме и имаме обврска да ја браниме титулата. Нашиот фокус е насочен само на работите што се случуваат на терен. На финалните турнири нема фаворити. Задоволство е да се биде дел од нив, па затоа треба да уживаме како што беше случај и лани. Не размислуваме за финале, сега размислуваме само на Монпелје и на ништо друго“, истакна Раул Гонзалез.

Шпанецот на клупата на Вардар и на македонската репрезентација посакува успех како на неговиот сонародник Мартин Амброш кој со женската екипа на Ѓер на 13 мај ја одбрани титулата во ЛШ пред трансфер во Ростов на Дон од наредната сезона. Гонзалез, пак, по оваа го презема кормилото на ПСЖ каде сака да замине како титулар.

„Присутен е притисок, голем е меѓутоа ние сме подготвени и физички и психолошки да се соочиме со предизвикот и веруваме дека повторно можеме докрај. Минавме период на макотрпна работа по што дојдовме овде да бидеме најдобри. Фокусот е на екипата на Монпелје која е одлична, игра брз ракомет, имаат страшно добра транзиција и опасни се „еден на еден“. Клучна за успех, сепак, ќе биде нашата игра во одбрана“, нагласува Хрватот во „црвено-црниот дрес, Лука Циндриќ.

Вардарци лани ја освоија шампионската титула по триумфот над ПСЖ со 24:23 во големото финале на Фајналфор турнирот во Келн. Оваа година се разминаа со париските „светци“ во полуфиналето, но затоа е можна реприза на минатогодишниот дуел за престижниот трофеј како што беше случај со женското издание на Лигата на шампиони во Будимпешта.

Лига на шампиони (м) – Келн 2018

Полуфинале

ПСЖ – Нант (денеска, 15.15 ч.)

Вардар – Монпелје (денеска, 18 ч.)

Недела

Меч за трето место (15.15 ч.)

Финале (18 ч.)

Вардар Келн Лига на шампиони Монпелје Полуфинале ракомет Фајналфор
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
shortcut
ФОКУС
June 29, 2026

Каракас: Мајка и нејзиното бебе старо 18 дена извлечени од урнатините

ВЕСТИ June 29, 2026

Мајка, која беше извлечена од урнатините на нејзиниот уништен дом со своето бебе старо…

Иранската револуционерна гарда ги нападна Бахреин и Кувајт како одговор на нападите на САД

June 28, 2026

САД започнаа нова воена операција против Иран

June 28, 2026

Родителите на загинатите во „Пулс“ со порака: Ќе се бориме до последен момент за вистината

June 28, 2026
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.