НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Финале во фудбалската ЛШ: Реал М. или Ливерпул, Роналдо контра Салах

0
By Нова ТВ on May 26, 2018 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Реал Мадрид против Ливерпул нема да биде пресметка само на два европски гиганта за трофејот во фудбалската Лига на шампиони туку и директен дуел на неверојаните Кристијано Роналдо (33) и Мохамед Салах (26) кои оваа сезона постигнаа по 44 гола во сите натпреварувања во кои настапија за „кралевите“, односно, „црвените“ од „Енфилд“. Финалето за крај на клупската сезона на стариот континент е вечерва со почеток во 20.45 часот на Олимпискиот стадион во Киев, правдата му е доверена на српскиот арбитар Милорад Мажиќ.

„За мене ќе биде еден вид на остварување на сонот доколку успеам по петти пат да го освојам пехарот. Ливерпул е одлична екипа што многу ме потсетува на нас од пред неколку сезони кога игравме со тројца брзи играчи во напад. Штом ќе играат во финале, значи имаат квалитет. Имам респект кон нив, но мислам дека ние сме подобри. Можеме да испишеме историја пришто искуството што го имаме ќе биде наш голем адут“, порачува Роналдо чиј Реал ќе се обиде по 13 пат да стане европски првак.

Португалецот, сепак, порачува дека на финалето не гледа како натпревар меѓу него и репрезентативецот на Египет туку посакува Реал да ја одбрани титулата.

„Поинаков сум од останатите. Како и Салах кој најмногу ја користи левата нога и понизок е од мене. Јас повеќе играм со десна и многу повеќе можам да играм со глава. Тотално сме различни. Тој има фантастична сезона меѓутоа финале во Лига на шампиони е нешто поразлично“.

За Ливерпул, пак, вечерашното финале ќе биде прво по епското во 2005 година во Истанбул. „Црвените“ тогаш ја испуштија титулата во дуелот со Милан. На полувреме заминаа со големи 3:0 за калчолигашот да ворати со идентична мерка во вториот дел и подоцна да слави на пенали.

„Реал е поискусен во вакви натпревари. Исклучително добри се како група. Со истиот тим победуваат во изминатите две години, но фудбал е, сепак, и ние имаме свои сметки, свои адути и гледаме свои шанси. Психолошки сме стабилни, силни. Направивме многу добри работи во оваа сезона и сите во екипата знаат дека можат да се потпрат еден на друг. Имаме неверојатна желба за радост во Киев и верувам дека ќе биде доволно вечерва“, нагласи менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп.

Ливерпул е единствена англиска екипа што успеала да победи против Реал Мадрид во финале на натпреварување на УЕФА. „Црвените“ во тоа успеаја во далечната 1981 година кога во тогашниот Куп на европски шампиони (КЕШ) славеа со 1:0.

Киев Ливерпул Лига на шампиони Реал Мадрид финале фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.