НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Италија се подготвува за нови избори, вредноста на еврото порасна

0
By Нова ТВ on May 28, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ниту по 12 недели од одржувањето на парламентарните избори, што е рекорд во историјата на Републиката, Италија нема влада.

Весникот „Кориере дела сера“ објави дека партиите веќе размислуваат за предвремени избори што може да се одржат на 9 септември. Весникот наведува дека во резиденцијата на претседателот на Италија Серџо Матарела кој одби да го прифати предлогот евроскептикот Паоло Савона да биде министер за економија, во тек се драматични часови откако популистичкиот мандатар Џузепе Конте синоќа му го врати мандатот.

„Кориере дела сера“ нагласува дека предвремени избори ако се одржат, нема да бидат обичен тест на избирачите туку референдум за Европа, за еврото како и за уставниот поредок на државата.

Луиџи ди Мајо, лидер на Движењето пет ѕвезди, кој во март на изборите имаше најмногу гласови, изјави синоќа дека би требало да биде отповикан претседателот Матарела поради „предавство на државата“ бидејќи одбил да го прифати Савон за министер за економија.

– Бевме на неколку чекори од формирање влада и запрени сме бидејќи во нашиот кабинет е министер кој ја критикува ЕУ, изјави тој за РАИ.

Неговиот засега несуден коалициски партнер и лидер на Лигата, Матео Салвини изјави дека во Италија треба да се одржат нови избори.

– Италијанците се на прво место, да бидат безбедни и среќни. Со недели работевме да се формира влада што ќе ги штити интересите на италијанските граѓани. Меѓутоа некој вели не. Никогаш нема да бидеме робови, изјавил Салвини.

Матарела кој откако Конте му го врати мандатот, во Квиринале денеска го повика 62-годишниот економист Карло Котарели, кој би можел да биде нов мандатар, но ја нема поддршка од партиите во Италија.

Во меќувреме, како резултат на потегот на Матарела, денеска порасна вредноста на еврото.

Можноста за формирање на влада која ќе го отвори прашањето за членство во еврото во една од најголемите држави членки на ЕУ предизвика неколкудневна паника на финансиските пазари во Европа. Но, претседателот Матарела ја одби предложената влада, токму поради вклучувањето на министри кои се критичари на италијанското членство во ЕУ.

Како резултат на потегот на Матарела, кој веројатно ќе доведе до предвремени избори во Италија, еврото порасна за 0,6 проценти и достигна вредност од 1,1728 долари. Претходната стапка на еврото беше најниска во однос на доларот во изминатите шест и пол месеци.

евро избори Италија криза Матарела
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.